Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Пат Боран




Пат Боран (р. 1963, Портлиш, Ирска) е поет и писател, меѓу чии збирки поезија се Ненавиениот часовник (1990; добитник на престижната ирска награда Патрик Кавана во 1989), Познати нешта (1993), Обликот на водата (1996) и Како раката, ракавицата (2001). Автор е и на популарниот прирачник за писатели Портабл работилница за креативно пишување (прво издание 1998, ново и дополнето издание: New Island, 2005), како и на неколку книги проза за деца и возрасни.

Боран живее во Даблин каде што раководи со издавачката куќа Dedalus Press (www.dedaluspress.com) која издава современа поезија од Ирска и поезија во англиски превод од интернационални автори. Покрај тоа, ја води полчасовната неделна емисија за поезија The Enchanted Way (http://www.rte.ie/radio1/theenchantedway/) на ирското национално радио РТЕ.

Овој избор е направен од неговата збирка Нови и избрани песни, објавена од Salt Publishing, 2005 (Кембриџ, Велика Британија; www.saltpublishing.com). Интернет страницата на Пат Боран е www.patboran.com.


Книги од Пат Боран во издание на Блесок:


thumb

Телефонска секретарка

Одбрани песни од Пат Боран, eКнига, на македонски.  

Превод од англиски: Магдалена Хорват.


thumb

Телефонска секретарка

Одбрани песни од Пат Боран (2007)

Превод од англиски: Магдалена Хорват

Едиција Морфеј, книга 09




Блесок бр. 48, мај-јуни, 2006
      поезија: Телефонска секретарка






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+