Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Дениса Дуран




Дениса Дуран (1980) е романска поетеса, преведувач и културен менаџер, дипломирала на Универзитетот во Букурешт на катедрата за романски и англиски јазик и книжевност. Магистрирала на теза за звуковна поезија, напишана на англиски. Работи како новинар, преведувач, уредник (во Романската книжевна ревија) а од 2007 година е проектен раководител во Романскиот културен институт во Букурешт.
Дениса Дуран е автор на четири збирки поезија: наградената дебитантска збирка Pufos şi mechanic (Мекичко и механичко, 2003), по неа двојазичната збирка Omul de unică folosință / Disposable People (Заменливи луѓе, преведена на англиски од Флорин Бикан), објавена од Galway Print, Ирска (2009); понатаму, ја објавила unt încă tânără (Сѐ уште сум млада, 2012) – избор од оваа збирка е вклучен во антологијата Најубави песни од 2012 година; во декември 2014 година излезе нејзината нова книга, Dorm, dar stau cu tine (Спијам, а сепак ти правам друштво) – книга за „растењето“, до една година, илустрирана. Своите први три збирки ги потпиша со моминското име Дениса Мифрена Пишку.
Нејзините песни се вклучени во неколку национални и меѓународни антологии и преведени на: англиски, чешки, бугарски, германски, фински, италијански, полски, турски, македонски, арапски и словенечки.
Учествувала на многу читања и книжевни фестивали во странство, а пред скоро време беше писател на резидација „Апсолутно модерно“, организирана од Традуки и издавачката куќа Готен во Скопје, Македонија.
Ја превела (од англиски на романски), меѓу другото, и поезијата на Никола Маџиров (Македонија), Имануел Мифсуд (Малта) и Нил Меккарти (Ирска).



Блесок бр. 101-102, ноември-декември, 2015
      поезија: Сѐ уште сум млада






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+