Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Драги Неделчевски




Роден во 1958 година во Тетово. По професија дипломиран правник кој со и за фотографијата живееод 1978 година. Сè за фотографијата научил сам. Во 1980 година е еден од основачите на Фото кино студиото во Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ во Тетово. Кон крајот на 2003 година, со неколку колеги го основа Фото кино клубот „Тетово“ од Тетово, кој по година-две го смени името во „Чкрап!“. Во 2009 година во соработка со Роберт Јанкулоски од Македонскиот центар за фотографија и Швајцарската програма за култура – Западен Балкан имаше изложба на фотографии „ЖИВОТ ВО КУТИЈА“, фото есеј за животот на неговиот син Мане кој има церебрална парализа. Оваа изложба ја пренесе и во Прилеп, Белград, Сараево и Берн (Швајцарија).Таа 2009 година со фотографот Зоран Андонов имаше заедничка изложба на фотографии „ДВА ПОГЛЕДА НА ДОКУМЕНТАРНАТА ФОТОГРАФИЈА“. Во 2014 година имаше самостојна изложба на фотографии во рамките на Скопско лето, со наслов „ФОТОГРАФИ(И)“ која беше изложена во галеријата на НЛБ Тутунска Банка во Скопје. Во 2016 беше објавена книгата „ЖИВОТ ВРЕДЕН ЗА ЖИВЕЕЊЕ“ од авторките Емилија Георгиевска-Наневска и Мимоза Петревска Георгиева, во која е коавтор со свои фотографии. Во јули 2017 година е отворена неговата изложба на фотографиии „КРАТКИ ПРИКАЗНИ“ во Уметничката галерија во Тетово. Покрај фотографија, работи и филм и видео. За неколку негови експериментални и кратки документарни филмови наградуван е на Деновите на македонскиот непрофесионален филм.



Блесок бр. 114-115, јули-август, 2017
      галерија, изложба:






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+