Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Блаже Конески




поет, раскажувач, есеист, книжевен историчар, лингвист, преведувач. Роден е во с. Небрегово, Прилепско на 19 декември 1921 година. Починал во Скопје на 7 декември 1993 година. Студирал филозофија на универзитетите во Белград и Софија. По дипломирањето работел како професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Почесен доктор на Чикашкиот, Краковскиот и Скопскиот Универзитет. Учествувал во составувањето на правописот на македонскиот литературен јазик (1945). Втемелувач на македонистиката на Скопскиот универзитет. Редактор на Речникот на македонскиот јазик. Бил ректор на Универзитетот во Скопје (1958-1960). Член на МАНУ и нејзин прв претседател (1967-1975). Член на академиите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ. Бил член на Македонскиот ПЕН центар. Бил уредник на списанијата „Нов ден“ и „Македонски јазик“. Член на ДПМ од 1946 година. Прв претседател на ДПМ.
Автор е на книгите: Земјата и љубовта (поезија, 1948), Македонски правопис со правописен речник, со Крум Тошев (1950), Граматика на македонскиот литературен јазик, прв дел (1952), За македонскиот литературен јазик (1952), Песни (1953), Граматика на македонскиот литературен јазик, втор дел (1954), Везилка (поезија, 1955), Лозје (раскази, 1955), Речник на македонскиот јазик (1961), Песни (1963), Историја на македонскиот јазик (1965), Речник на македонскиот јазик, книга втора, редактирал (1965), Речник на македонскиот јазик, книга трета (1966), Стерна (поезија, 1966), Ракување (поема, 1969), Јазикот на македонската народна поезија (1971), Беседи и огледи (1972), Записи (поезија, 1974), Стари и нови песни (1979), Места и мигови (поезија, 1981), Чешмите (поезија, 1984), Македонскиот 19. век, јазични и книжевно-историски прилози (1986), Ликови и теми (есеи, 1987), Послание (поезија, 1987), Тиквешки зборник (студија, 1987), Средба во рајот (поезија, 1988), Црква (поезија, 1988), Дневник по многу години (проза, 1988), Златоврв (поезија, 1989), Поезија (Константин Миладинов), читање на Блаже Конески (1989), Сеизмограф (поезија, 1989), Македонски места и теми (есеи, 1991), Небесна река (песни и препеви, 1991), Светот на легендатата и песната (есеи и прилози, 1993), Црн овен (поезија, 1993).
Добитник на наградите: „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов“, „Хердеровата“, „Његошевата“, АВНОЈ, „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, „Скендер Куленовиќ“, на Сојузот на писателите на СССР, за книжевен опус на „Мисла“, „Рациновото признание“, „13 Ноември“.



Блесок бр. 22, август-септември, 2001
      поезија: Небеска река

Блесок бр. 37, јули-август, 2004
      проза: Таблица перваја






50%

НОВИ КНИГИ:
thumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumb


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+