Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7    



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Промоции, читања, новости


Промоција и читање
среда, 20 ноември 2013 • 18:30 | ГЕМ / Менада

Беким Сејрановиќ во ГЕМ / Менада

На 20 ноември (среда), во Менада во Стара Чаршија во 18:30 ќе биде прикажан документарниот филм „Од Токио до Морава – Средба на еден Јапонец со Балканот“ (2009) во траење од 80 минути, ВО ПРИСУСТВО НА АВТОРИТЕ, Беким Сејрановиќ, автор на сценариото и Моку Тераока, режисер.

Документарниот филм „Од Токио до Морава – Средба на еден Јапонец со Балканот“ е продуциран во 2009 година. Самите автори за филмот велат: „Се започна како виц – Босанец, Јапонец и Норвежанец тргнуваат на пат до Црното Море. Пловат по Сава, па по Дунав до местото каде што Морава се влева во Дунав, малку пред границата со Романија. Не успеваат да стигнат до Црно Море затоа што пребавно патуваат и патем премногу застануваат на одредени места. На патувањето им се случуваат разни згоди и незгоди и запознаваат најразличен народ, од обични луѓе до признати уметници, па сè до необични жители кои живеат крај реките. Приказната раскажува како тројца луѓе од различни нации го доживуваат Балканот, а сето тоа е забележано со стилската рака на режисерот Моку Тераока, кој порано никогаш не беше ни чул за Балканот.“ Во 21 часот истата вечер, Роберт Алаѓозовски ќе го претстави македонскиот превод на романот „Поубав крај“ од Беким Сејрановиќ. Преводот во издание на „Блесок“ е на Игор Исаковски, а е поддржан од преведувачката мрежа Традуки, која обезбеди и стипендија за едномесечен престој на Сејрановиќ во Скопје, во соработка со издавачката куќа „Готен“. За романот „Поубав крај“ следи две напоредни приказни. Првата е љубовна и е сместена во Норвешка; втората опишува што подоцна му се случува на протагонистот додека седи во една дрвена колиба во босанските планини, сеќавајќи се на минатото и прашувајќи се дали некогаш воопшто ќе може својот живот да го претвори во нешто убаво и среќно. Истовремено, животот несопирливо тече понатаму, донесува нови настани и на сцената воведува нови личности. Прашањето кои неодминливо се поставува е дали животот – тој постојан и незапирлив процес – може да биде обликуван во приказна со „поубав крај“? Стилот на Сејрановиќ е среќна комбинација од балканска возбуденост и желба да се раскажува, и нордиска воздржаност и склоност кон концизен, ритмичен јазик. Сето тоа е зачинето со блага иронија и црн хумор, што на романот му додава дополнителен квалитет. За авторите: Беким Сејрановиќ е роден во 1972 во Брчко, Босна и Херцеговина. Неговото семејство се преселило во Риека, Хрватска, во 1985. Таму завршил средно поморско училиште и запишал Хрватска книжевност на Универзитетот во Риека. Поради југословенските војни, во 1993 година е принуден да емигрира во Норвешка, каде што и денес живее. Дипломирал Јужнословенски книжевности на Универзитетот во Осло (1999), каде работел и како предавач по Јужнословенски книжевности и по босански, хрватски и српски јазик од 2001 до 2006 година. Бидејќи има босанско потекло, а пишува на хрватски и има норвешко државјанство, се смета за босански-хрватски-норвешки писател и преведувач од норвешки. Ги објавил книгата раскази „Мавање“ (2002) и романите „Никаде, од никаде“ (2008) за кој ја добил наградата „Меша Селимовиќ“ за најдобар роман од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, „Подобар крај“ (2010), и „Сандали“ (2013). Моку Тераока е роден 1971 година во Хирошима. Дипломирал скулптура од Академијата за уметности во родниот град, во 1993 година, а со сликарство и филм почнал да се занимава во 2001 година. Пет години работел како тв режисер во една токиска телевизија. Потоа се посветува на патувањето и главно прави документарци за своите патувања. Изложувал во Сохо, Нујорк и добивал награди за своите скулптури. Неговата филмска и тв продукција опфаќа документарни филмови и музички спотови.


Архива
Архива 2015
    Промоција и читање
    сабота, 19 септември 2015 • 21:00
    Промоција на книгата „Дека да“ од Игор Исаковски
    Културната установа „Блесок“ има чест да ве покани на промоција на книгата поезија на Игор Исаковски, „Дека да“, на 19 септември од 21 часот, во клубот МКЦ. На роденденот на Игор, песни од последната збирка која тој ја напиша ќе читаат неговите пријатели Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Румена Бужаровска, Ана Мартиновска, Срѓан Јанаќиевиќ, Никола Гелевски, Владимир Мартиновски. Ќе свири Тони Китановски. Да зборуваме за Игор, да ги читаме неговите стихови и да ја слушаме музиката која ја сакаше. Vita brevis, ars longa.
    Промоција и читање
    сабота, 06 јуни 2015 • 20:00
    Промоција на книгата „После природата“, поетско читање и разговор со Михаел Кругер
    Промоциjа на книгата поезиjа „После природата“ од познатиот германски автор Михаел Кругер коjа ќе се одржи во сабота, 06.06.2015, во 20 часот во кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“ (ул. Ленинова, Аминта Трети 29)
    Промоција
    сабота, 23 мај 2015 • 20:00
    БЛЕСОК: промоција на троjазичната поетска книга „Во некои денови / An manchen Тagen / On some days“ од Jурген Ненsа
    Во организациjа на Блесок и во соработка со СловоКулт а со поддршка од Гете Институтот и Друштвото за македонско-германско приjателство и соработка
    Промоција
    среда, 25 март 2015 • 21:00
    БЛЕСОК: промоција на поемата „ПРЕСУДА“ од ЏАБИР ДЕРАЛА / BLESOK: promovim i poemës “Vendimi” nga Xhabir Deralla
    Културната установа Блесок ќе ја промовира поемата „Пресуда“ од Џабир Дерала на 25 март, во МКЦ Клуб ресторан, со почеток во 21 часот. На промоцијата ќе настапат авторот на поемата Џабир Дерала и Мирослав Стојановиќ – Шуки кој е автор на илустрациите за корицата и на внатрешните страници на книгата. Тие ќе настапат со перформанс кој е дел од нивниот мултимедијален проект Криптохроматик.
Архива 2014
    Промоција
    четврток, 18 декември 2014 • 21:00
    БЛЕСОК: промоција на поемата „ПРЕСУДА“ од ЏАБИР ДЕРАЛА
    На 18 декември (четврток), во МКЦ Клуб ресторан, од 21 часот, Џабир Дерала заедно со Мирослав Стојановиќ – Шуки, како дел од проектот Криптохроматик, ќе ја промовира поемата „Пресуда“, издание на Блесок. Криптохроматик е проект кој во себе ги обединува и од себе ги зрачи стиховите, зборовите, музиката и сликите на Џабир Дерала и Мирослав Стојановиќ – Шуки.
    Промоција и читање
    понеделник, 01 декември 2014 • 20:00
    Промоција на „Пепелашка во хромиран ковчег“ од Звонко Карановиќ
    „Пепелашка во хромиран ковчег“ од наградуваниот српски автор Звонко Карановиќ е 16. по ред наслов објавен во едицијата ЕваТас во која Блесок објавува книги со избрана поезија на повеќе јазици.
    Промоција
    среда, 19 ноември 2014 • 20:00
    Промоција на книгата раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска
    Блесок организира промоција на најновата книга раскази од Румена Бужаровска, „Мојот маж“. Промоцијата ќе се одржи на 19 ноември (среда) од 20 до 21 часот, во МКЦ Клуб ресторан. Околу книгата, со авторката ќе разговара Илина Јакимовска. Во меѓувреме, на големите екрани ќе бидат проектирани анонимните записи на читателите на тема „Мојот маж“. Од 21 часот, подиумот ќе го преземе Соња Исмаил со нејзин музички сет. Влезот е слободен.
    Промоција
    петок, 19 септември 2014 • 22:00
    Игор Исаковски со Срѓан Јаниќијевиќ и пријатели
    „Песни од големата соба“ + „Купидона и други драми“
    Промоција и читање
    петок, 12 септември 2014 • 20:00
    „Будење во трето лице еднина“ од Д.А. Лори: 12.09.2014, „Цреша“, Скопје
    Под мотото ВРЕМЕ Е ЗА БУДЕЊЕ!, на 12 септември, во „Цреша“ во Скопје, Блесок ќе ја промовира долго очекуваната книга на Д.А. Лори, „Будење во трето лице еднина“.
    Промоција на нова книга
    среда, 04 јуни 2014 • 21:30
    За да ви се преврти умот. Нежно како ракавица.
    Срѓан Јаниќијевиќ „Купидона и други драми“ (Блесок, 2014, 248 стр.)
    Промотивни активности
    вторник, 08 април 2014 • 10:00
    Блесок на Саем на книга!
    Од 8 до 14 април, Блесок ќе понуди околу 130 од своите наслови на Саемот на книга
    Мултимедијалан настан
    понеделник, 07 април 2014 • 20:30
    Шеснаесет години од првиот број на е-списанието „Блесок – литература и други уметности“
    Под мотото „БЛЕСОК – за сите нас!“, на 12 март (среда) од 20:30 до полноќ, во МКЦ Клуб ресторан, КУ Блесок ќе одбележи шеснаесет години од првиот број на е-списанието „Блесок – литература и други уметности“ – првото и најстаро европско интернет списание за култура и уметност. Првиот број на „Блесок – литература и други уметности“ излезе на 12 март 1998 г.
Архива 2013
    Поетски музички настап
    недела, 22 декември 2013 • 21:00
    Игор Исаковски и Тони Китановски повторно во МКЦ клуб
    По успешната вечер на 11 ноември, Игор Исаковски и Тони Китановски ќе имаат поетски музички настап во МКЦ клуб ресторан на 22 декември, од 21 часот, во траење од околу четириесетина минути
    Промоција и читање
    понеделник, 11 ноември 2013 • 20:13
    Исаковски и Китановски во МКЦ клуб
    На 11 ноември (понеделник), во 20:13 во МКЦ клуб ресторан, Игор Исаковски ќе има промотивно читање од своите нови поетски книги „Смртта има коса од морска трева“ и „Светлината ве чека на рецепција“ (двојазичен избор од поезијата кој опфаќа 24 години од неговото поетско творештво) во придружба на Тони Китановски и пријатели.
    Промоција и читање
    вторник, 24 септември 2013 • 19:00
    Ѓерѓ Конрад: „Заминување и враќање“
    На 24-ти септември, во 19 часот, ќе биде промовирана книгата на Ѓерѓ Конрад "Заминување и враќање", во превод од унгарски на Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов. Промотор на книгата ќе биде др. Елизабета Шелева.
    Промоција и читање
    понеделник, 23 септември 2013 • 19:00
    Мелина Камериќ: „Чевли за доделување Оскар“
    На 23-ти септември, со почеток во 19 часот ќе биде промовирана книгата на писателката Мелина Камериќ "Чевли за доделување Оскар", од страна на Игор Исаковски, кој е и преведувач на книгата од босански.
    Промоција и читање
    сабота, 08 јуни 2013 • 20:30
    Младен Ломпар: „Засипнат глас“
    На 8 јуни (сабота), гостин на вечерта ќе биде Младен Ломпар од Црна Гора. Во текот на книжевното читање, ќе биде промовирана неговата поетска книга „Засипнат глас“, во превод на Игор Исаковски, издание на Блесок. Објавувањето на книгата е поддржано од книжевната мрежа Традуки. Опфаќајќи го поетскиот опус на Младен Ломпар во опсег од четири децении (1969-2011), овој авторски избор го донесува најдоброто од неговата поезија.
    Промоција и читање
    петок, 07 јуни 2013 • 20:30
    Миле Стоиќ: „Небесен пансион“, „Ги сакам исплуканите“ и „Кафе носталгија“
    На 7 јуни (петок), гостин на вечерта ќе биде Миле Стоиќ од БиХ. Во текот на книжевното читање, ќе бидат промовирани неговите поетски книги „Небесен пансион“ и „Ги сакам исплуканите“, во превод на Игор Исаковски, изданија на Блесок, и прозната книга „Кафе носталгија“, во превод на Бранко Цветкоски, издание на Макавеј. Објавувањето на „Небесен пансион“ и „Кафе носталгија“ е поддржано од книжевната мрежа Традуки, а книгата „Ги сакам исплуканите“ е тријазичен избор од поезијата и е објавена во едицијата ЕваТас на Блесок.
    Литературно читање и разговор
    петок, 05 април 2013 • 20:00
    Литературно читање и разговор со германскиот писател Бенјамин Штајн, промоција на романот „Платно“
    Во петок, 05.04.13 во 20:00 часот во ГЕМ клубот (Стара чаршија) ќе се одржи литературно читање и разговор со германскиот писател Бенјамин Штајн, кои се воедно и промоција на македонското издание на романот „Платно“. Настанот е поддржан од Друштвото за македонско-германско пријателство, литературната мрежа ТРАДУКИ, Гете Институтот во Скопје, а е во организација на издавачката куќа Блесок и преведувачката Елизабета Линднер.
Архива 2012


50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+