Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7    



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Промоции, читања, новости


Промоција
среда, 19 ноември 2014 • 20:00 | МКЦ клуб

Промоција на книгата раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска

Блесок организира промоција на најновата книга раскази од Румена Бужаровска, „Мојот маж“. Промоцијата ќе се одржи на 19 ноември (среда) од 20 до 21 часот, во МКЦ Клуб ресторан. Околу книгата, со авторката ќе разговара Илина Јакимовска. Во меѓувреме, на големите екрани ќе бидат проектирани анонимните записи на читателите на тема „Мојот маж“. Од 21 часот, подиумот ќе го преземе Соња Исмаил со нејзин музички сет. Влезот е слободен.

„Мојот маж“ е трета книга раскази од Румена Бужаровска, после „Чкртки“ (Или-или, 2007) и „Осмица“ (Блесок, 2010). Само навидум зборувајќи за својот сопруг, нараторките од најновата збирка раскази на Румена Бужаровска, „Мојот маж“, всушност се соголуваат себеси: своите стравови, мрачни тајни, недозволени копнежи, интимни фрустрации. Пренесени низ призмата на сопругата мајка, вдовица, прељубница, уметница, домаќинка, сместени во нашето секојдневие, и раскажани со едноставен јазик кој изобилува и со хумор, и со тага, овие раскази им даваат глас на проблемите за кои општеството ни наложува да молчиме. – вели Калина Малеска во дел од својата рецензија кон книгата


Архива
Архива 2015
    Промоција и читање
    сабота, 19 септември 2015 • 21:00
    Промоција на книгата „Дека да“ од Игор Исаковски
    Културната установа „Блесок“ има чест да ве покани на промоција на книгата поезија на Игор Исаковски, „Дека да“, на 19 септември од 21 часот, во клубот МКЦ. На роденденот на Игор, песни од последната збирка која тој ја напиша ќе читаат неговите пријатели Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Румена Бужаровска, Ана Мартиновска, Срѓан Јанаќиевиќ, Никола Гелевски, Владимир Мартиновски. Ќе свири Тони Китановски. Да зборуваме за Игор, да ги читаме неговите стихови и да ја слушаме музиката која ја сакаше. Vita brevis, ars longa.
    Промоција и читање
    сабота, 06 јуни 2015 • 20:00
    Промоција на книгата „После природата“, поетско читање и разговор со Михаел Кругер
    Промоциjа на книгата поезиjа „После природата“ од познатиот германски автор Михаел Кругер коjа ќе се одржи во сабота, 06.06.2015, во 20 часот во кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“ (ул. Ленинова, Аминта Трети 29)
    Промоција
    сабота, 23 мај 2015 • 20:00
    БЛЕСОК: промоција на троjазичната поетска книга „Во некои денови / An manchen Тagen / On some days“ од Jурген Ненsа
    Во организациjа на Блесок и во соработка со СловоКулт а со поддршка од Гете Институтот и Друштвото за македонско-германско приjателство и соработка
    Промоција
    среда, 25 март 2015 • 21:00
    БЛЕСОК: промоција на поемата „ПРЕСУДА“ од ЏАБИР ДЕРАЛА / BLESOK: promovim i poemës “Vendimi” nga Xhabir Deralla
    Културната установа Блесок ќе ја промовира поемата „Пресуда“ од Џабир Дерала на 25 март, во МКЦ Клуб ресторан, со почеток во 21 часот. На промоцијата ќе настапат авторот на поемата Џабир Дерала и Мирослав Стојановиќ – Шуки кој е автор на илустрациите за корицата и на внатрешните страници на книгата. Тие ќе настапат со перформанс кој е дел од нивниот мултимедијален проект Криптохроматик.
Архива 2014
Архива 2013
    Поетски музички настап
    недела, 22 декември 2013 • 21:00
    Игор Исаковски и Тони Китановски повторно во МКЦ клуб
    По успешната вечер на 11 ноември, Игор Исаковски и Тони Китановски ќе имаат поетски музички настап во МКЦ клуб ресторан на 22 декември, од 21 часот, во траење од околу четириесетина минути
    Промоција и читање
    среда, 20 ноември 2013 • 18:30
    Беким Сејрановиќ во ГЕМ / Менада
    На 20 ноември (среда), во Менада во Стара Чаршија во 18:30 ќе биде прикажан документарниот филм „Од Токио до Морава – Средба на еден Јапонец со Балканот“ (2009) во траење од 80 минути, ВО ПРИСУСТВО НА АВТОРИТЕ, Беким Сејрановиќ, автор на сценариото и Моку Тераока, режисер.
    Промоција и читање
    понеделник, 11 ноември 2013 • 20:13
    Исаковски и Китановски во МКЦ клуб
    На 11 ноември (понеделник), во 20:13 во МКЦ клуб ресторан, Игор Исаковски ќе има промотивно читање од своите нови поетски книги „Смртта има коса од морска трева“ и „Светлината ве чека на рецепција“ (двојазичен избор од поезијата кој опфаќа 24 години од неговото поетско творештво) во придружба на Тони Китановски и пријатели.
    Промоција и читање
    вторник, 24 септември 2013 • 19:00
    Ѓерѓ Конрад: „Заминување и враќање“
    На 24-ти септември, во 19 часот, ќе биде промовирана книгата на Ѓерѓ Конрад "Заминување и враќање", во превод од унгарски на Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов. Промотор на книгата ќе биде др. Елизабета Шелева.
    Промоција и читање
    понеделник, 23 септември 2013 • 19:00
    Мелина Камериќ: „Чевли за доделување Оскар“
    На 23-ти септември, со почеток во 19 часот ќе биде промовирана книгата на писателката Мелина Камериќ "Чевли за доделување Оскар", од страна на Игор Исаковски, кој е и преведувач на книгата од босански.
    Промоција и читање
    сабота, 08 јуни 2013 • 20:30
    Младен Ломпар: „Засипнат глас“
    На 8 јуни (сабота), гостин на вечерта ќе биде Младен Ломпар од Црна Гора. Во текот на книжевното читање, ќе биде промовирана неговата поетска книга „Засипнат глас“, во превод на Игор Исаковски, издание на Блесок. Објавувањето на книгата е поддржано од книжевната мрежа Традуки. Опфаќајќи го поетскиот опус на Младен Ломпар во опсег од четири децении (1969-2011), овој авторски избор го донесува најдоброто од неговата поезија.
    Промоција и читање
    петок, 07 јуни 2013 • 20:30
    Миле Стоиќ: „Небесен пансион“, „Ги сакам исплуканите“ и „Кафе носталгија“
    На 7 јуни (петок), гостин на вечерта ќе биде Миле Стоиќ од БиХ. Во текот на книжевното читање, ќе бидат промовирани неговите поетски книги „Небесен пансион“ и „Ги сакам исплуканите“, во превод на Игор Исаковски, изданија на Блесок, и прозната книга „Кафе носталгија“, во превод на Бранко Цветкоски, издание на Макавеј. Објавувањето на „Небесен пансион“ и „Кафе носталгија“ е поддржано од книжевната мрежа Традуки, а книгата „Ги сакам исплуканите“ е тријазичен избор од поезијата и е објавена во едицијата ЕваТас на Блесок.
    Литературно читање и разговор
    петок, 05 април 2013 • 20:00
    Литературно читање и разговор со германскиот писател Бенјамин Штајн, промоција на романот „Платно“
    Во петок, 05.04.13 во 20:00 часот во ГЕМ клубот (Стара чаршија) ќе се одржи литературно читање и разговор со германскиот писател Бенјамин Штајн, кои се воедно и промоција на македонското издание на романот „Платно“. Настанот е поддржан од Друштвото за македонско-германско пријателство, литературната мрежа ТРАДУКИ, Гете Институтот во Скопје, а е во организација на издавачката куќа Блесок и преведувачката Елизабета Линднер.
Архива 2012


50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+