Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7    



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Промоции, читања, новости


Промоција и читање
сабота, 19 септември 2015 • 21:00 | МКЦ Клуб ресторан, Скопје

Промоција на книгата „Дека да“ од Игор Исаковски

Културната установа „Блесок“ има чест да ве покани на промоција на книгата поезија на Игор Исаковски, „Дека да“, на 19 септември од 21 часот, во клубот МКЦ. На роденденот на Игор, песни од последната збирка која тој ја напиша ќе читаат неговите пријатели Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Румена Бужаровска, Ана Мартиновска, Срѓан Јанаќиевиќ, Никола Гелевски, Владимир Мартиновски. Ќе свири Тони Китановски. Да зборуваме за Игор, да ги читаме неговите стихови и да ја слушаме музиката која ја сакаше. Vita brevis, ars longa.

„Дека да“ е единаесеттата збирка поезија, а седумнаесетта објавена книга на авторот за кој верувам дека не е само предводник на мојата генерација македонски автори, туку и нејзина своевидна метафора. Неговото творештво, неговите ставови, неговиот начин на живеење и работење и неговата севкупна личност, во себе ги носат сите тегоби и парадокси на генерацијата која го преживува битништвото на бескрајната македонска транзиција. Игор во секој поглед го одликува забревтаноста на товарниот воз кој постојано ита, натоварен, а жеден за брзината која ќе го ослободи, силно, гневно и жестоко влечејќи го товарот на минатото кон некоја неизвесна иднина Елизабета Баковска Фотографијата на корицата е од Сашо Димоски. Игор Исаковски (1970-2014), поет, прозаист, уредник, преведувач. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, магистрирал на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии). Основач и директор на Културна установа Блесок. (www.blesok.mk), каде што работеше како главен и одговорен уредник од нејзиното основање. Објавени книги: Писма (роман, 1991), Црно сонце (поезија, 1992), Експлозии, трудна месечина, ерупции... (раскази, 1993), Вулкан – Земја – (поезија, 1995), – Небо (поезија, 1996, 2000), Гравири - Blues говорница (многу куси текстови, 2001), Песочен часовник (раскази, 2002), Длабоко во дупката (поезија, 2004), Пливање во прашина (роман, 2005, награда Прозни мајстори, 2005), Blues говорница II (2006, Годишна награда за најдобро графичко решение на печатена книга, 2006), Стажирајќи за светец (поезија, 2008), Ноќта е најтемна пред разденување (поезија, 2009, Награда на 4. Белградски фестивал на поезија и книга, 2010), Вулкан – Земја – Небо (поезија, 2010), Љубовна (поезија, 2011), Смртта има коса од морска трева (поезија, 2013), Дека да (поезија, 2015). Избори и преводи на други јазици: – Sky (– Небо, поезија на англиски, 1996, 2000), Sejanje smeha (Сеење на смеата, избрана поезија на српски и македонски, 2003), I & Tom Waits (Јас и Том Вејтс, избрана поезија на македонски и англиски, 2003), Sandglass (Песочен часовник, раскази на англиски, 2003), I to je život (И тоа е живот, нова и избрана поезија на хрватски, објавена во Црна Гора, 2007), Iz bliskov in ognja (Од болскоти и оган, нова и избрана поезија на словенечки, 2011), Pjesčani sat (Песочен часовник, раскази на хрватски, 2012), Madam Hyde, Mister Hyde (нова и избрана поезија на холандски, 2012), Dlanovi puni srče / Дланки полни срча (нова и избрана поезија на српски и македонски, 2013), Светлината ве чека на рецепција / The Light Awaits You at Reception (нова и избрана поезија на англиски и македонски, 2013), Smrt ima kosu od morske trave (Смртта има коса од морска трева, избрана поезија на хрватски, 2015). Исаковски уредил четири антологии; последната е Шест македонски поети / Six Macedonian poets, (објавена од ARC Publications, Велика Британија, 2011), како и два CD-ROM-а. Преведуваше поезија, проза и есеи, од (и на) македонски, англиски, српско-хрватски-босански-црногорски, и од словенечки на македонски. Во негов превод на македонски, објавени се 60 книги. Поезијата и прозата му се преведени и објавени на шеснаесет јазици во дваесетина земји. Застапен е во голем број избори и антологии во Македонија и во странство.


Архива
Архива 2015
Архива 2014
    Промоција
    четврток, 18 декември 2014 • 21:00
    БЛЕСОК: промоција на поемата „ПРЕСУДА“ од ЏАБИР ДЕРАЛА
    На 18 декември (четврток), во МКЦ Клуб ресторан, од 21 часот, Џабир Дерала заедно со Мирослав Стојановиќ – Шуки, како дел од проектот Криптохроматик, ќе ја промовира поемата „Пресуда“, издание на Блесок. Криптохроматик е проект кој во себе ги обединува и од себе ги зрачи стиховите, зборовите, музиката и сликите на Џабир Дерала и Мирослав Стојановиќ – Шуки.
    Промоција и читање
    понеделник, 01 декември 2014 • 20:00
    Промоција на „Пепелашка во хромиран ковчег“ од Звонко Карановиќ
    „Пепелашка во хромиран ковчег“ од наградуваниот српски автор Звонко Карановиќ е 16. по ред наслов објавен во едицијата ЕваТас во која Блесок објавува книги со избрана поезија на повеќе јазици.
    Промоција
    среда, 19 ноември 2014 • 20:00
    Промоција на книгата раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска
    Блесок организира промоција на најновата книга раскази од Румена Бужаровска, „Мојот маж“. Промоцијата ќе се одржи на 19 ноември (среда) од 20 до 21 часот, во МКЦ Клуб ресторан. Околу книгата, со авторката ќе разговара Илина Јакимовска. Во меѓувреме, на големите екрани ќе бидат проектирани анонимните записи на читателите на тема „Мојот маж“. Од 21 часот, подиумот ќе го преземе Соња Исмаил со нејзин музички сет. Влезот е слободен.
    Промоција
    петок, 19 септември 2014 • 22:00
    Игор Исаковски со Срѓан Јаниќијевиќ и пријатели
    „Песни од големата соба“ + „Купидона и други драми“
    Промоција и читање
    петок, 12 септември 2014 • 20:00
    „Будење во трето лице еднина“ од Д.А. Лори: 12.09.2014, „Цреша“, Скопје
    Под мотото ВРЕМЕ Е ЗА БУДЕЊЕ!, на 12 септември, во „Цреша“ во Скопје, Блесок ќе ја промовира долго очекуваната книга на Д.А. Лори, „Будење во трето лице еднина“.
    Промоција на нова книга
    среда, 04 јуни 2014 • 21:30
    За да ви се преврти умот. Нежно како ракавица.
    Срѓан Јаниќијевиќ „Купидона и други драми“ (Блесок, 2014, 248 стр.)
    Промотивни активности
    вторник, 08 април 2014 • 10:00
    Блесок на Саем на книга!
    Од 8 до 14 април, Блесок ќе понуди околу 130 од своите наслови на Саемот на книга
    Мултимедијалан настан
    понеделник, 07 април 2014 • 20:30
    Шеснаесет години од првиот број на е-списанието „Блесок – литература и други уметности“
    Под мотото „БЛЕСОК – за сите нас!“, на 12 март (среда) од 20:30 до полноќ, во МКЦ Клуб ресторан, КУ Блесок ќе одбележи шеснаесет години од првиот број на е-списанието „Блесок – литература и други уметности“ – првото и најстаро европско интернет списание за култура и уметност. Првиот број на „Блесок – литература и други уметности“ излезе на 12 март 1998 г.
Архива 2013
    Поетски музички настап
    недела, 22 декември 2013 • 21:00
    Игор Исаковски и Тони Китановски повторно во МКЦ клуб
    По успешната вечер на 11 ноември, Игор Исаковски и Тони Китановски ќе имаат поетски музички настап во МКЦ клуб ресторан на 22 декември, од 21 часот, во траење од околу четириесетина минути
    Промоција и читање
    среда, 20 ноември 2013 • 18:30
    Беким Сејрановиќ во ГЕМ / Менада
    На 20 ноември (среда), во Менада во Стара Чаршија во 18:30 ќе биде прикажан документарниот филм „Од Токио до Морава – Средба на еден Јапонец со Балканот“ (2009) во траење од 80 минути, ВО ПРИСУСТВО НА АВТОРИТЕ, Беким Сејрановиќ, автор на сценариото и Моку Тераока, режисер.
    Промоција и читање
    понеделник, 11 ноември 2013 • 20:13
    Исаковски и Китановски во МКЦ клуб
    На 11 ноември (понеделник), во 20:13 во МКЦ клуб ресторан, Игор Исаковски ќе има промотивно читање од своите нови поетски книги „Смртта има коса од морска трева“ и „Светлината ве чека на рецепција“ (двојазичен избор од поезијата кој опфаќа 24 години од неговото поетско творештво) во придружба на Тони Китановски и пријатели.
    Промоција и читање
    вторник, 24 септември 2013 • 19:00
    Ѓерѓ Конрад: „Заминување и враќање“
    На 24-ти септември, во 19 часот, ќе биде промовирана книгата на Ѓерѓ Конрад "Заминување и враќање", во превод од унгарски на Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов. Промотор на книгата ќе биде др. Елизабета Шелева.
    Промоција и читање
    понеделник, 23 септември 2013 • 19:00
    Мелина Камериќ: „Чевли за доделување Оскар“
    На 23-ти септември, со почеток во 19 часот ќе биде промовирана книгата на писателката Мелина Камериќ "Чевли за доделување Оскар", од страна на Игор Исаковски, кој е и преведувач на книгата од босански.
    Промоција и читање
    сабота, 08 јуни 2013 • 20:30
    Младен Ломпар: „Засипнат глас“
    На 8 јуни (сабота), гостин на вечерта ќе биде Младен Ломпар од Црна Гора. Во текот на книжевното читање, ќе биде промовирана неговата поетска книга „Засипнат глас“, во превод на Игор Исаковски, издание на Блесок. Објавувањето на книгата е поддржано од книжевната мрежа Традуки. Опфаќајќи го поетскиот опус на Младен Ломпар во опсег од четири децении (1969-2011), овој авторски избор го донесува најдоброто од неговата поезија.
    Промоција и читање
    петок, 07 јуни 2013 • 20:30
    Миле Стоиќ: „Небесен пансион“, „Ги сакам исплуканите“ и „Кафе носталгија“
    На 7 јуни (петок), гостин на вечерта ќе биде Миле Стоиќ од БиХ. Во текот на книжевното читање, ќе бидат промовирани неговите поетски книги „Небесен пансион“ и „Ги сакам исплуканите“, во превод на Игор Исаковски, изданија на Блесок, и прозната книга „Кафе носталгија“, во превод на Бранко Цветкоски, издание на Макавеј. Објавувањето на „Небесен пансион“ и „Кафе носталгија“ е поддржано од книжевната мрежа Традуки, а книгата „Ги сакам исплуканите“ е тријазичен избор од поезијата и е објавена во едицијата ЕваТас на Блесок.
    Литературно читање и разговор
    петок, 05 април 2013 • 20:00
    Литературно читање и разговор со германскиот писател Бенјамин Штајн, промоција на романот „Платно“
    Во петок, 05.04.13 во 20:00 часот во ГЕМ клубот (Стара чаршија) ќе се одржи литературно читање и разговор со германскиот писател Бенјамин Штајн, кои се воедно и промоција на македонското издание на романот „Платно“. Настанот е поддржан од Друштвото за македонско-германско пријателство, литературната мрежа ТРАДУКИ, Гете Институтот во Скопје, а е во организација на издавачката куќа Блесок и преведувачката Елизабета Линднер.
Архива 2012


50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+