Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 87 | година XV | ноември-декември, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 87ноември-декември, 2012
Проза

Поубав крај

(извадок од романот)


/10
стр. 1
Беким Сејрановиќ

I

1.

Седам во старата колиба на дедовиот „ранч“. Ноќта се истопори во долината и ги заплисна со шума нагрнатите ридови. Тука сум веќе некое време и во мене веќе нема немир. Се чувствувам како човек кој еднаш сакал да напише некаква приказна, но не успеал, зашто приказната ја презела контролата врз стварноста. Повеќе не беше јасно што е стварно, приказната или животот. И дали животот ја пишува приказната, или е можеби обратно.
    Стаорецот ровари по таванот без никаков обѕир. Една ноќ се разбудив и го здогледав неговиот опаш како скока над работ од изабениот кауч на кој спиев. Исчезна во дупката под корнизот.
    Светилката на плафонот се пали и гасне, веројатно поради прекин во контактот. Ѕидовите на колибата се полни со дупки од отпаднатиот малтер. Оздола се гледаат штиците од кои колибата првобитно била направена.
    „Ранчот“ е нива од седум и пол дулуми која дедо ја купи кога отиде во пензија и тука засади овоштарник со сливи. Се сеќавам на сè, но тоа сега не е важно. Ги нема веќе ни дедо ни мајка (така ја викав баба), ни мојата стара, нивната ќерка. Го нема ни „ранчот“. Сега тоа е во густеж и во заборав заробен овоштарник. Имотот ѝ припаѓа на тетка Зика која ме остави тука да седам колку сакам.
    Не знам точно кога дојдов, но летото се приближуваше кон крајот, а сливите гниеја зашто немаше кој да ги набере. Дење стршените брмчеа во борбени формации и се прејадуваа со сокот од презреаните „Унгарки“. Птици со разни големини и бои крескајќи скокаа по тумбите и малку ги колваа плодовите а малку една друга. Навалија некакви крупни скакулци, а и оние ситни, неподносливи мушички кои ти се залетуваат право во очи.

2.


    Си ја раскажувам истата приказна безброј пати, како да се надевам дека еднаш ќе смислам поубав крај. Приказната може да започне кога тоа октомвриско попладне, пред две години, паднав во Сава.
    Излегов тогаш од реката на тињестиот брег. Додека се качував низ стрмата каллива патека, се лизнав, паднав на газ и се излизгав половина метар назад кон реката. Кога конечно се искачив на врвот од насипот, ги соблеков јакната и маицата. Од телото излегуваше пареа.
    Седев некое време на земјата очекувајќи нешто. Мислев дека ќе заплачам, дека, како во некој лош филм, тука на брегот од реката ќе оставам солзите да ми течат низ лицето. Дека тогаш ќе се смирам, ќе ги избришам солзите, ќе се насмевнам. Потоа ќе станам и со лесен чекор ќе тргнам






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+