Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 87 | година XV | ноември-декември, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 87ноември-декември, 2012
Проза

Два куси раскази

/4
стр. 1
Димитар Динев

_______________________________________________________________________

Aјде да слушаме радио

Радиото беше посебно важно за време на вистинскиот социјализам. Тоа беше единствениот инструмент што овозможуваше директен контакт со Западот. За да се чувствуваш како дисидент, сè што требаше е да имаш добро радио свртено на фреквецијата на „Радио Слободна Европа“ или „Гласот на Америка“. Ако тројца се собереа околу радиото за заедно да испијат шише ракија, тогаш веќе стануваше збор за движење на отпор. Радиото беше прекрасна работа затоа што, за разлика од ракијата, сите ги правеше да се чувствуваат како херои. И сите го обожаваа.
    И Сарко Кишев го сакаше, иако зад неговите чувства се криеше друга приказна. До 1987 радиото играше речиси безначајна улога во неговиот живот. Есента таа година сè се смени. Сарко замина за Пловдив да студира земјоделство и изнајми соба од пензиониран наставник од основно. Но ѕидовите од овој стан беа толку тенки, што Сарко во соседната соба можеше да ја слушне газдарицата не само кога прелистуваше низ своите фотоалбуми, туку и кога најтивко воздивнуваше. Ова немаше ништо да значи да не ја запознаеше Венета по две недели. Колку што стануваше поблизок со Венета, толку побитни стануваа ѕидовите околу него.
    Еден ден и последниот невидлив ѕид меѓу нив падна, проследено со нивните алишта, и, како што и се плашеше, тоа се случи во неговата соба. Во соседната соба газдарицата на станот во тој миг си го мешаше кафето.
    „Тука сè се слуша“, рече, без здив.
    „Пушти го радиото“, прошепоти Венета.
    Оттогаш радиото стана постојан придружник на нивниот љубовен живот. Ги знаеја речиси сите програми. Некогаш слушаа музика, некогаш вести, некогаш извештаи за нивото на водата на Дунав, но исто така и трактати за успесите на социјалистичките планови во полето на економијата заедно со пофалните зборови за сите бригади што предвремено ги исполниле задачите. Па така секојпат кога сакаа да спијат заедно, едниот само требаше да каже една единствена реченица: „Ајде да слушаме радио“.
    Програмите влијаеја врз нивните љубовни игри на различни начини. Додека револуционерните и партизанските песни најмногу ја стимулираа Венета и ѝ побудуваа желба за експериментирање, ја правеа поинвентивна и страствена, Сарко најдолго издржуваше ако слушаше говори од високи партиски функционери, можеби бидејќи фантазиите му беа окупирани од комунизмот, чие пристигнување сè повеќе се одолговлекуваше. На овој начин Сарко ги спои полезното со пријатното, бидејќи и нешто друго се утврди заедно со неговата класна свесност. Никогаш не бил дисидент, но радиото некогаш му нудеше херојско чувство. За жал, идеа други времиња, а со нив






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+