Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 87 | година XV | ноември-декември, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 87ноември-декември, 2012
Есеи

Стоговите со сено на Моне: Позиционирано Знаење, Креација и Револуција

/4
стр. 1
Огњен Којаниќ

Меѓу 1890 и 1891 година, Клод Моне насликал серија од дваесет и пет слики на кои биле претставени стогови со сено кои се наоѓале во близина на неговиот дом во Живерни. Во неа тој ги истражил меѓуигрите на различните светлосни ефекти, годишните времиња и климата. Различни палети на боја, потези со четката и фокуси биле потребни за да се долови атмосферата на секоја од овие ситуации.
    Додека предавал во Баухаус, Василиј Кандински составувал мртва природа од дрвца и штици и потоа барал од неговите студенти да ја преточат во затегнати линии или структура, притоа задржувајќи се на потешките или на полесните обележја, но без да ја копираат мртвата природа. Можеме да го забележиме влијанието на Моне во оваа задача. На овој начин, сликањето престанува да биде миметичка вежба, а станува начин на ангажирање на светот со цел негова интерпретација и доловување, слично на заложувањето на теоријата во науката.
    

Стогови сено во магловито утро

Во сликата на Моне со наслов „Стогови сено во магловито утро“, во центарот на сликата доминира темната контура на стогот сено кој го блокира сонцето и фрла сенка. Околу стогот се јавува ореол од златно светло кое експлодира и ги засенува планините во позадината. Во преден план, неколку последователни агресивни потези со четката ја претставуваат тревата во сенката на стогот сено.
    Спротивно од ова, сликата „Стог, снежен ефект“ претставува силен контраст меѓу темната форма на двата стога и околината прекриена со снег. Но, планините и облаците се исто така присутни како конститутивен и важен дел на сликата. Иако разликата меѓу небото полно со облаци и планините и полињата прекриени со снег е едвај забележлива, таа е постигнта со употребата на специфични потези на четката, со чија помош се создава различна текстура. На места гледаме сини тонови кои ги доловуваат сенките, жолти тонови кои го претставуваат стаклото, како и златни тонови кои го сугерираат сонцето скриено зад облаците.
    Поразлична од овие две слики е сликата наречена „Стогови, крај на летото“. Овде, секој дел од сликата бара посебно внимание. Тенки облаци и сончева светлина на небото, зелени предели на врвовите на планините и богати шуми во подножјата, зелени и кафени стогови што ја раскршуваат симетријата и ја дефинираат композицијата, делови зелена и жолта трева, осветлена или во сенка на стоговите. Елемент на изненадување во оваа слика се деловите обоени во бело. Така, и просторот околу стоговите, како и самите стогови, претставуваат чист потенцијал.
    Провизорноста на пејзажот ја истакнува позицијата на сликарот – тој секогаш е поставен на истиот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+