Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 87 | година XV | ноември-декември, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 87ноември-декември, 2012
Есеи

Наоѓајќи слобода, разбирајќи што е неопходно

– околу изразите на слобода во претставата Пер Гинт во Србија, Ужице, 2000 год. –


/22
стр. 1
Јасмиинка Марковска

Овој есеј ги истражува начините на кои желбата за слобода беше пренесена преку една театарска претстава инспирирана од едно од делата на Хенрик Ибзен. Претставата Пер Гинт (според Peer Gynt) во Ужице, Србија, беше адаптирана на начин кој ја критикуваше војната, како и неодамнешната брутална историја и грубата политичка, културна и економска реалност на луѓето кои живееја во рамките на она што, во 2000 г., беше останато од Југославија. Претставата беше оценета како успешна во времето на изведување. Текстот на Ибзеновиот Peer Gynt беше употребен на начин кој го мешаше мотивот војна со мотивот барање на Себе-то и сопствената слобода на отворен и секуларен начин. Земајќи ги во предвид главните и доминантни културни, политички и социјални трендови во Југославија по Втората светска војна, претставата силно го отсликуваше минатото и сегашноста на државата низ разни сценски, аудио и визуелни медијации.
     Есејов е обид да се развие разбирање за тоа како слободата, или пак потрагата по слободата би можела да се помири и да постои на начин кој не предизвикува конфликт со неизбежноста на моќта и сложеноста на нејзините пројавувања. Моќта се манифестира себе си низ ограничувачки, но неопходни агенти, додека потрагата по моќта, како и она што се подразбира како моќ, може да се развие во разни правци и да биде мотивирана на безброј начини. Есејот намерно се надоврзува кон акции мотивирани од желбата за воспоставување на внатрешна слобода во ситуации кога единката е надвладеана од надворешни агенти.
    
    1. Вовед во блиската историја на Србја и Балканот

Ќе го започнам есејов со еден краток социо-антрополошки и политички вовед во најблиското минато на Србија, бидејќи претставата Пер Гинт беше составена на начин кој јасно го отсликуваше ова минато. Јас сум родена, и живеев во поранешната југословенска Република Македонија првите 25 години од мојот живот, со исклучок на една до две години студии и патувања во странство. Бидејќи припаѓав на една поширока заедничка социјална, политичка, економска и географска мрежа со административен центар во Србија, ја имам искусено оваа реалност од близина, и таа, делувајќи врз мене ме има оформено во голема мера, па затоа и ми се познати нејзините многубројни посебности. Истовремено, моите сопствени околности ме имаат принудено да ја разберам оваа реалност како да е надвор од моето постоење. Ми беше пружена привилегијата да се образувам во институции оддалечени од мојот роден крај, како и да дојдам во контакт со многу идеи кои доминираат со глобалниот интелектуален свет, но најчесто потекнуваат од други региони. Тоа






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+