Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 87 | година XV | ноември-декември, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 87ноември-декември, 2012
Есеи

Постмодерен пристап: литературата и мемоарите како паметење и како архив

/5
стр. 1
Иван Џепароски

I

Пред околу сто и седумдесет години, „дијалектичкиот лиричар“ Сорен Кјеркегор (1813-1855) во предговорот на своето дело „Страв и трепет“ (1843), ќе укаже говорејќи за сопственото време: „Нашето време подготвува ‘вистинска распродажба’ не само во светот на трговијата туку и во светот на идеите. Сè може да се добие за толку смешно ниска цена, та оттаму, сега, е големо прашање дали на крајот ќе постои уште некој кој ќе сака и да нуди“. (Kierkegaard, 1985: 41)
    Спротивно на стравот на Кјеркегор за можното губење на понудите на планот на идеите, целиот ХХ век беше исполнет со огромен број и теориски и практични понуди на ниво на идеите! Една од клучните такви понуди, пројавена во последниве четири децении, е токму постмодернизмот кому му се обраќаме во нашево излагање во контекст на литературата, мемоарите, паметењето, архивот и историјата.
    Но, ако на историјата ѝ се предадеме нефилозофски, а тоа уште повеќе важи за појавите коишто сè уште траат и чии сме современици, тогаш можноста да нè навјасаат големи незгоди е мошне извесна. Зашто, како што вели Карл Левит, „ако историјата на времето, меѓутоа, на нешто и може да нè поучи, тогаш е јасно дека таа не е нешто за што човек би можел да се држи и ориентира. Да сакаш сред историјата да се ориентираш кон неа, тоа би било исто како и кога при еден бродолом би сакале да се држиме за таласите.“ (Löwith, 1980: 52)
    Сепак, бидејќи постмодерното мислење го напушта дискурсот на модерната, имено темата што ја воведе Хегел во вид на самокритичко потврдување на модерната, а воедно, според Хабермас, „и ги наведе правилата според кои таа тема може да се варира – дијалектиката на просветителството“ (Habermas, 1985: 65), оттаму постмодерното мислење ја напушта конститутивната врска значајна за дискурсот на модерната, врската меѓу историјата и умот. Постмодерната тврди дека модерната го доживеа својот крај зашто во основа е проект што не може да се оствари , зашто се потпира врз верувањето во она што често се нарекува „големи мета-наративи“, што е само друг израз за „Големите Приказни“ што со милениуми доминираат со Западната култура и цивилизација. Овие големи приказни на различен начин се појавуваат и се именуваат низ историјата.
    Да именуваме, заедно со Дик Хебдиџ, еден грст од нив:
    „Божјото откровение, раширената Реч, засенчувањето на Историјата од Логосот, проектот на Просветителството, вербата во Прогресот, вербата во Разумот, вербата во Науката, модернизацијата, развојот, спасението, искупението, совршеноста на човекот, трансценденцијата на историјата низ божествената интервенција, трансценденцијата на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+