Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 87 | година XV | ноември-декември, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 87ноември-декември, 2012
Критика

Литературата како осемејствување

(Лидија Димковска: „Резервен живот“, Или-или, Скопје 2012)


/4
стр. 1
Оливера Ќорвезироска

„Не станав писателка. Ни сега не можам да пишувам. Пишувањето е самотнички чин, а јас сè уште  ја чувствувам крај мојата глава и главата на Сребра. И дека ќе види што пишувам. И ме фаќа срам и непријатно ми е, и не можам да пишувам. Освен во себе“ (Злата, стр. 365)
    

Најновиот роман на Лидија Димковска не што не е напишан „во себе“, туку е напишан на 368 густи страници обединети во книга тешка 380 грама, со ’рбетник широк 20 мм. Значи, Лидија Димковска не е Злата, раскажувачката на „Резервен живот“, едната од сијамските близначки. Со ова на самиот почеток го отфрламе автобиографското, не обѕирајќи се на тоа дали воопшто веруваме во литература без автобиографија или не…

Опашката на „Резервен живот“
    „Резервен живот“ е раскрупнета и извишена „Скриена камера“, претходниот, прв роман на Лидија Димковска. Иако „Скриена камера“ не беше ни ситна, ни мала (110 грама, ’рбетник 11 мм); впрочем, во 2004 година кога се појави беше бележит книжевен настан, романот ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите, а беше во најтесен избор и за сите други книжевни награди во Македонија таа година. За само еден глас не ја доби наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за 2004, т.е. ѝ ја подаде на Оливера Николова, авторка која се спомнува и во „Скриена камера“, но, еве, повторно и во „Резервен живот“: Злата на 98 страница вели: „Сакам да бидам како Оливера Николова“.
    Сметам дека е вообичаено претходните успеси на авторите да се влечат како опашки зад нивните нови дела. А опашката на „Резервен живот“ е мошне долга, љубителите на магичниот реализам би додале дека се влече преку „многу ливади и планини“, ние ќе додадеме „и преку многу земји и континенти!“, зашто Лидија Димковска е една од најуспешните македонски автори во и надвор од нашата земја со многу награди, преводи, книжевни резиденции низ светот…
    Значи, „Резервен живот“ не е „Скриена камера“, дури ни тогаш кога ќе ни се стори дека прилегаат еден на друг. Се лажеме. Нè лаже ситното, вистината е во крупното.

Телото на „Резервен живот“
    Ова е обемен и обземувачки роман, екстензивна раскажувачка магија, наративна впечатлива фреска врз нашите (и врз туѓите), последни речиси три децении. Приказната започнува 1984 во едно јунско приградско попладне во околината на Скопје, завршува на 18 август 2012 на истото место. И играта што ликовите ја играат е истата (онаа од насловната страница на романот): Претскажување на судбината. На почетокот ја играат сијамските близначки Сребра






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+