Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 87 | година XV | ноември-декември, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 87ноември-декември, 2012
Критика

Прослава на животната енергија

(Владимир Мартиновски, Пред и по танцот, Скопје, Кликер, 2012)


/3
стр. 1
Лидија Капушевска-Дракулевска

„Танцот е славење, танцот е јазик.
    Јазик од оваа страна на зборот.“
    Шевалие, Гербран, Речник на симболи


    

Најновиот поетски ракопис на Владимир Мартиновски – Пред и по танцот – претставува, несомнено, продолжение на истиот сензибилитет, на истиот светоглед, како и на истиот структурно-композициски, идејно-тематски и стилистички концепт понуден во стихозбирката Квартети: за читање, гледање, пеење и слушање, за којашто авторот ја доби престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2010 година. Од друга страна, оваа непретенциозна, спонтана и едноставна лирика упатува на наследството на јапонското хаику и на повеќекратното искуство на нашиот автор во оваа сфера.  
    Континуитетот на поетската вокација говори за една изградена и низ творечката практика веќе потврдена поетика на Мартиновски, но и за неговата свесна доследност во поглед на архитектониката на песната како свет за себе. За реципиентот, пак, овие стихови исткаени во старо-ново руво значат покана за танц во процесот на следење и препознавање на трагите, од една, но и чувство на блискост и вдоменост, од друга страна, во склад со читателскиот „хоризонт на очекување“. Провокацијата за нови искуства и копнежот за непознатото, парадоксално, резултираат со впечатокот за номадско домување во стариот добро познат свет во кој суверено царува Нејзиното Височество – Љубовта. Преку љубовта како доминантен принцип, патем речено, оваа книга стихови остварува континуитет со претходната збирка на Мартиновски – песните во проза Побрзај и почекај. Токму прославата на љубовта во Пред и по танцот е прослава на животната енергија, токму магијата на љубовта поставена на пиедестал умее, со својата движечка моќ, да ги сруши сите временски и просторни граници дури и низ соседните галаксии, како и сите ограничувања на индивидуален план и да понуди вртоглаво пијанство од шумски и морски плодови, од ноктурналии и вински апокрифи (според насловите на неколку циклуси песни).  
    Идејниот аспект на книгата Пред и по танцот кореспондира со нејзиниот формален концепт; композициски, поетскиот универзум на стихозбирката се темели врз поливалентна нумеролошка симболика и претставува низа од единаесет циклуси со по четири песни (или вкупно четириесет и четири песни). Четири, патем речено, алудира на поетовиот стремеж по целосност, совршенство, севкупност.., аналогно на сродниот комплексен арсенал од значења содржан и во поимот „љубов“. Системот на авторовата аrs combinatoria мошне успешно се заокружува во хомогена целина (од „алфа“ до „омега“) преку влезната и излезната рамка на книгата: почетниот циклус „Утрото пред танцот“ и финалниот, „Ноќта по танцот“, како парадигми за авантурата на душата и телото во ритмот на едно деноноќие/еден животен циклус. Небаре еден






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+