Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 87 | година XV | ноември-декември, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 87ноември-декември, 2012
Галерија Осврти

Rafmögnuð Náttúra

/1
стр. 1
Маркос Зотес

Rafmögnuð Náttúra е привремена и site-specific светлосна инсталација која ја оживува фасадата на исландската црква Hallgrímskirkja со голема 3д видео-мапинг проекција. Инспириран од природните услови на Исланд и работејќи со уникатната архитектура на црквата, Маркос Зотес ја трансформира статичната состојба на овој иконичен белег во динамично, ангажирано и интерактивно визуелно искуство. Зотесовата намера била да интервенира во градот со општествено активирање на неактивно урбано јавно место, привремено станувајќи вибрирачко заедничко место.

Зотесовата Rafmögnuð Náttúra била избрана како победник на конкурсот на Зимскиот фестивал во Рејкјавик оваа година организиран од Höfuðborgarstofa, Orkusalan и Исландскиот центар за дизајн. За само три недели да ја инсталира неговата победничка инсталација Зотес собрал и водел мултидисциплинарен тим во Њујорк и Рејкјавик кој соработувал со него на неговата креација. Соработката помеѓу различните медиумски уметници и силниот став кон мултидисциплинарниот приод кон нивните дела, формирале централно јадро за успехот на Rafmögnuð Náttúra. Проектот дава уникатна можност за испитување на нов колаборативен процес за креативна продукција, во која тим од архитекти, дизајнери, ликовни уметници, музичари, танцови изведувачи и видео уметници се собрале за да ги спојат своите специфични уметнички техники, средства и дизајнерски методи во една заедничка визија.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+