Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 88 | година XVI | јануари-февруари, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 88јануари-февруари, 2013
Проза

Не гледам ништо лошо

/11
стр. 1
Горјан Милошевски

„Што е ножот, Неда? Најдоброто што го имаш. Ти ги водиш прстите. Фати ја дршката, фрли го ножот, забиј го врвот во метата. Фати го сечилото, фрли го, пак забиј го врвот во метата. Врвот удира во метата. Идејата е како да се направи уметност од нож што врти во бес. Секое фрлање почнува пат. Патот мора да биде брз, точен, убав и да те остави без здив.“ Зборовите на Марко ги заробија нејзините мисли. Сеќавањето ѝ  проструи во главата.
    Марко ја гледаше од другата страна на сцената. Очите му се стеснија. Се познаваше како бранови надоаѓаат во неговата шареница. Мирис на бура му го зафати здивот. Оваа висока појава, во тесно црно одело, со поглед го пробиваше просторот меѓу неа и Неда. Со дланката, над неговата глава, го држеше ножот со врвот на прстите. Марко љубоморно чекаше да ја покаже својата вештина. Го фати сечилото посигурно од удобните столчиња во гледалиштето. Самоувереноста зборуваше низ задишаните погледи кон публиката. Топ светлата се прекршуваа на неговите бразди и нерамнини на лицето. Го држеше сечилото за врвот. Само една милисекунда пред да замавне Неда предвиде ужас. Огромен набој на болка и слабост, закопан внатре, сакаше да се ослободи.
    Неда беше врзана и неподвижна на голема дрвена мета. Зелениот фустан ѝ беше оптегнат и градите тешко дишеа, невидливо и нежно допирајќи ги рабовите на деколтето. Елегантност што лежи на застрашувачка симетрија. Надворешна кревкост што се претопува во доминација и сјае од очите. Тоа беше Неда. Нејзината кожа светеше од убавина која не старее. Пониска од нејзиниот партнер, кој злокобно набљудуваше, се потпираше на кружна табла со раширени раце и нозе. Ја имаше сета виталност што ја нема во Витрувовиот човек на Да Винчи, а сепак беше пример за неговата пропорционална совршеност. Таа можеше да ја предвести пропаста на човекот кој го придвижи ножот наназад.
    Тогаш раката го отпушти ножот и се виде само железен отсјај како врти во лудило. И првиот се заби веднаш до вратот на Неда. Прецизноста го пресече молкот со воздишки кои нараснуваа. Работ на сечилото го погали нејзиниот мек епидермис. Нејзините очни капаци и веѓи не се ни помрднаа. Не се ни застресоа, ниту за миг. И пак, уште еден нож се заврте алчно крадејќи и распарувајќи витли од воздух. Така стигна право до нејзиното десно рамо. Врвот на сечилото се зари во мало парче од нејзиниот фустан доволно нежно за да повлече провидна, неопиплива црвена линија на нејзината површина. Сепак линијата веќе






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+