Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 88 | година XVI | јануари-февруари, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 88јануари-февруари, 2013
Есеи

Националниот идентитет и популарните хрватски сапуници

(историската ТВ-новела „Гордоста на Раткаеви“ видена низ призмата на публиката)


/10
стр. 1
Лорета Георгиевска Јаковлева

Апстракт: Поаѓајќи од методологијата што го фаворизира херменевтичкиот пристап во анализирањето на популарната култура, во текстот се акцентира ставот дека популарната култура е прашање што навлегува во сферата на личниот, културниот и националниот идентитет на заедницата. Преку начините на концептуализација и разбирање на телевизиската публика на серијата „Гордоста на Раткаеви“, преку начините на кои публиката ја интерпретира и ѝ дава значење на ТВ-новелата и на поширокиот политички контекст во кој таа настанува ќе се посочи врската помеѓу националниот идентитет и популарната култура.
     Клучни зборови:
популарна култура, сапуница, историска новела, национален идентитет, публика.

    
    
Прилично силната струја на т.н. критика на популарната (или почесто на масовната) култура на бившите југословенски простори, која е под влијание на Франкфуртската школа и француската теоретска мисла, не само што придонесе терминот културен популизам да стане еден од најфреквентните туку и саморазбирлив, со функција на етикета на нешто долно. Во која било дискусија, доволно е неистомисленикот да се именува како популист, па сè да биде кажано, што практично значи – крај на дијалогот, оти нели тој е неможен помеѓу два, различни по ранг, соговорника. Притоа, вредносниот систем е јасно поставен: популист е човек што не се разбира во сложените и компликувани работи на затскриените значења, софистицираните начини на употреба на јазикот, неразбирливите теории што бараат солидно знаење. Тие, популистите, наместо да се занимаваат со сериозни работи, се предаваат на уживањата на популарната култура, која бара минимален напор од страна на консументот. Таквата култура е недостојна за „сериозна“, академска расправа, а доколку и се најде на дневен ред, се очекува да биде наведена како пример за лош вкус и манипулација со масата.
     Анализата извршена во рамките на овој текст се обидува, преку конкретен пример, да посочи дека „одредени системи на културната потрошувачка ја одредуваат моралната и политичката вредност на поединецот“ (Storey: http://www.razlika-differance.com/Razlika%2034/RD3-Storey.pdf) и да се позиционира на страната на оние методолошки постапки што сметаат дека херменевтичкиот пристап е пожелен и ефикасен во анализата на популарните текстови. Притоа, и на ставовите што на проучувањето на популарната култура гледаат како на сериозна политичка работа, како и на оние спротивните, кои сметаат дека популарната култура идеолошки манипулира со луѓето што ја консумираат, овој текст гледа од дистанца, како на ставови што ја третираат популарната култура како „ослабено Друго на културата, опасна сенка што го прогонува и го кочи развојот на вистинските нешта“ (Storey, 2003). Тој се позиционира во оној дел од културолошките студии што самата популарна култура ја третираат како интегрална и рамноправна со






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+