Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 88 | година XVI | јануари-февруари, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 88јануари-февруари, 2013
Есеи

Варварски ли е да се пишува поезија?

/2
стр. 1
Елизабета Баковска

Светот мора да има некого
    да ја носи сета таа болка
    и да зборува за неа.

Поетот е таа уста.

(од „Поетот како чувствувач на болката“
    Ерика Џонг)

И денеска (или дури, особено денеска), поезијата останува еден од најпроблематизираните производи на човечката креативност. Која е реалната потреба на поетите за пишување поезија, која е реалната побарувачка на читателите за читање поезија, и која е улогата на поезијата во (и наспроти) историските и општествените текови и случувања? – Овие прашања денеска се исто толку горливи колку што биле и во годините непосредно по Втората светска војна, кога германскиот филозоф со еврејско потекло Теодор Адорно при своето враќање во пост-нацистичка Германија кажал дека е варварски да се пишува поезија по Аушвиц. Во првите децении на дваесет и првиот век, кога глобалната економска криза се прелева во серија политички потреси на европскиот и северноамериканскиот континент, а демократијата станува екстремно растеглива категорија (од некои наречена демократура), интерпретирана од идеологии кои во својата суштина се анахрони, прашањето кое се поставува не е многу различно од оние на Адорно – дали има смисла човек да пишува поезија, како еден интимен, индивидуален креативен чин, или, пак, со сиот свој умствен и интелектуален потенцијал треба да се сврти кон светот во еден поангажиран (и здружен) напор да го измени на подобро? Или, пак, дали поезијата треба да се сфати како нус-производ на еден екстремен (себичен, егоцентричен, самодоволен, саможив) индивидуализам, во време кога се чини дека учеството во колективниот, јавен живот (на локално, национално, или глобално ниво) се смета не само за обврска и израз на една повисока граѓанска свест, туку дури и апстиненцијата и неопределеноста во однос на тековните прашања (пак на локално, национално или глобално ниво) се чинат како грев.
     Одговорите на погорните прашања и дилеми, парадоксално, можат да се најдат токму во самата поезија. Уште во 1839 година, англискиот поет Џон Дан во својата „Медитација XVII“ ќе каже дека „ниту еден човек не е остров, сам за себе, туку секој е парче од континентот, дел од целината“ и ќе додаде: „сечија смрт ме намалува и мене, зашто и јас сум дел од човештвото“. Додека од една страна, поетски, тој ја дефинира универзалноста на човечкото искуство и едноста на секој од нас со колективната судбина на човештвото, од друга, овие стихови укажуваат и на суштинската природа на поезијата – таа била и останува неизбежна потреба на човекот зборовно, стиховно и мелодиски, на свој, сопствен, индивидуален начин да го искаже она што всушност е заедничко






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+