Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 88 | година XVI | јануари-февруари, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 88јануари-февруари, 2013
Критика

Наместо одговор – Предавајќи/Читајќи ги Кушнеровите Ангели во Америка

/2
стр. 1
Бела Глигорова

Веќе подолго време размислувам за модусот кој ќе ми дозволи да ја споделам со вас мојата фасцинација, или подобро речено мојата луда пасија за светот од текст наречен Ангели во Америка потпишан од Тони Кушнер. Тие кои ме познаваат – пријатели, семејството, ученици и студенти, денешни и некогашни – можат да ја осведочат врвицата, или пак да ги посочат тоналитетите на оваа несекојдневна голема љубов. Тие секако би пружиле подобар иако можеби непрочистен приказ на тоа како овој епски текст живеел/живее крај моите приватни и професионални животи, и така ми ја грее душата и ми го крепи духот. Навистина, тие можат да споделат со вас и по која анегдота, за Ангелски муабет, односно нон-стоп предавање-односно-вербално-чудотворење проследено со мноштво нејасни записи на таблата (и белата и зелената па и клупата).
    Но сепак, сите љубовни стории, особено оние зачнати во театарот, бараат наратив-исповед во прво лице, за тоа како сè почнало, што следело, и дали навистина крајот бил среќен.
    
    По тоа прашање, би ви рекла –
    

    Да почнеме од почеток: многу добро ми е познат канонскиот одговор на сите влезни и излезни елементи на овој текст; јасна ми е критичката рецепција и вистинската сценска вредност на Кушнеровата епска бура. Ова не е еден таков одговор. Имено, во недостиг на прецизен термин, би рекла дека овој приказ е своевидно (при)сеќавање на тоа како еден читател живее/л во еден Ангелски-полн свет.
    Имав 24 години кога оваа драма ме пресретна. Бев чула за нејзиниот наслов, во неколку наврати, од страна на други театарџии, и секогаш како одговор на нејзиниот легендарен статус во рамките на сега ревитализираната американска театарска естетика. Но, да бидам искрена, кога добро ќе подразмислам, чинам дека не бев волна да ја побарам и да ја прочитам. Можеби оваа првична апатија се должи на еден друг текст на Кушнер, со возбудлив наслов – имено, Светла соба наречена ден – кој како да ми ја уби желбата за понатамошна дружба со авторот. Навистина, го разбрав Кушнеровото проигрување со Брехтовите принципи, ме бендиса алегоријата; со еден збор, го поздравив трудот искрено вложен. Но, едноставно не ме освои целата предлошка – ми се чинеше изнасилено, непотребно и претерано. Текстот, читајќи го, наликуваше на неумешна конструкција.
    И тогаш, пред мене се исправи предизвикот на еден постдипломски семинар, тотално заборавен (еден од оние кои се надевам дека со времето ќе успеам да ги заборавам), меѓутоа кој на листата на ‘лектири’ ја содржеше Кушнеровата епска драма. Се упатив до универзитетската книжарница, ги купив двата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+