Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 88 | година XVI | јануари-февруари, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 88јануари-февруари, 2013
Критика

Хамлетмашина на сцената на битолскиот НТ

/5
стр. 1
Наташа Аврамовска

Отворањето на новата мала сцена на битолскиот театар во пресрет на дочекот на Новата 2013, – среде метежот на општествените и политички превирања во кои грубо е вовлечен и театарот во Македонија, – во дадениов миг е настан со длабоко симболичко значење. На оваа мала сцена со премиерната изведба на Хамлетмашина, според текстот на Хајнер Милер, во режија на Урбан Андраш, од срцето на подрумската темница со сета силина на уметничкиот интегритет на 29. 12. 2012 беше симболички изведена недвосмислената себелегитимациска театарска објава:
    Овде живее Мефисто
!
    Саможртвената заложеност на секој член од театарски тим (во неговиот функционален, но и личен идентитет) во изведбата на стварноста на уметничката фикција е објава која ја донесува виделината на жртвено принесена свеќа. При нејзината трепетлива разиграност еднакво се видливи и светлината и сенките кои ја маркираат нејзината отсутност. Претставата е доследно и до крај остварена во просторот на бескомпромисното со себе соочување пред да се случи несреќниот извик: „Светло! Запалете светло!“ – кој ќе ја избрка темницата (под креветот или килимот, сеедно).
    Генијалноста на оваа претстава несомнено е резултат на колективната актерска и драматуршка сплотеност во прочитот и надградувањето на Милеровиот текст во светлината на актуелната македонска општествена, јавна, социјална, културна сцена. Секако, овој Милеров текст е особено податен во таа смисла. Напишан како анти-драма во пет фрагментарно нафрлени монолошки блока, – во отсуство на карактери и дејство, повикувајќи се единствено на семантичкиот потенцијал на прочуените Шекспирови фигури: Хамлет, сенката на таткото, мајката, чичкото, Хорацио и Офелија и воедно довикувајќи го амбисот на револуцијата на интелектуалецот зад чиишто плеќи се руините на Европа, а историјата се одвива во измената на тоталитарните режими, – текстот допушта бројни режисерски адаптации. Впрочем, според Сања Никчевиќ, токму на отвореноста за режисерски интерпретации  и се должи хит-популарноста на овој Милеров текст, како впрочем и на Бихнеровиот „Војцек“. Во овој случај, меѓутоа, особено е видлива, всушност, евидентно се наметнува, барем што се однесува до македонскиот реципиент, тесната соработка на Андраш Урбан, гостинот-режисер од Суботица, со ансамблот на битолскиот театар во воспоставувањето на значењата на театарскиот текст. Се наметнува впечатокот за умешноста на режисерот да ги наведе актерите „во стомакот“ да ги препознаат како свои загатнатите значења на Милеровиот текст та оттаму, „од стомакот“ да ги развијат во драмски ситуации кои недвосмислено реферираат на македонскиот општествен контекст. Режисерската умешност на Урбан првенствено се огледува во оваа способност максимално да го заложи креативниот потенцијал на секој член во тимот, што очигледно резултира во колективна понесеност






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+