Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 88 | година XVI | јануари-февруари, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 88јануари-февруари, 2013
Звук Осврти

Посветеноста нè тера да се надминеме себеси

Интервју со Сеад Хаџиќ – Сецко, „Мугер фугер“


/5
стр. 1
Тони Димков

Различни сензибилитети и музички креативци се вклучени во новото остварување на „Мугер фугер“, најпродуктивната македонска рок-група во последниве неколку години. Со шест објавени албуми од 2005 година до денес, групата докажува како треба да се создава и да се живее со рок-музиката. Како на историска мапа со најзначајните имиња на македонската музичка сцена, во нејзините албуми се вклучени креациите на Горан Трајкоски („Падот на Византија“, „Анастасија“, „Мизар“), Драган Гиновски – Гино („Архангел“), Зоран Тортевски („Хармосини“, „Мизар“), мултиталентираните Сашко Костов и Ади Имери, виртуозот Мухамед Ибрахими, како и поетот Џабир Дерала. Промоцијата на новиот албум ќе биде обележена и со настап на „Ласт експедишн“, „Ексик“ и „Блек енд вајс соушл клаб“. Сценографијата за концертот и целиот пропаганден материјал на групата се инспирирани од руската уметничка авангарда. Брз прелет низ годините што поминаа до актуелниот албум „Ла Кања“ направивме со Сеад Хаџиќ – Сецко, движечката сила на „Мугер фугер“.

Некако многу брзо во последниве две-три години почнаа да се редат нови албуми на „Мугер фугер“. На што се должи таа експлозивна креативност?
    Пред сè, на нашата посветеност, а и на тоа што создавањето нови албуми е потреба што е посилна од нас и нешто од што не можеме да избегаме. Лично, создавањето го доживувам како повик, како нешто без што би го изгубил својот идентитет и тешко би се снаоѓал во овој свет. Навистина, многу е напорно да се работи на албум и целата таа работа бара многу љубов, време, пари, но на крајот сите се чувствуваме како да сме создале еден нов живот, нешто што долго ќе говори за нас, така што потребата да се тркаме со времето не ни дозволува да го „фучкаме“ безвредно. Најверојатно од таквиот наш нагон речиси секоја година се раѓа барем еден албум на „Мугер фугер“.

Фотографија: Виктор Соколовски

Колку албуми објавивте досега и зошто последниот е насловен „Ла Кања“? Претходниот беше насловен по улица во Ѓорче Петров, така?
    Задоволни поради фактот дека, иако процесот на снимање на еден албум трае барем три месеци, а подготовките се околу шест месеци, ние од 2005 година досега успеавме да снимиме шест студиски албуми. Секој од тие албуми е различен и приказна за себе, но секој го носи оној препознатлив, силен и остар звук на „Мугер фугер“. Секој албум го добива името на различен начин. Конкретно, последните два се врзани за одредени урбано-социјални простори. Претпоследниот албум беше насловен по улицата „4 Јули“, место каде што сум роден, таму почнав да ја осознавам музиката, маалото каде што






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+