Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 89 | година XVI | март-април, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 89март-април, 2013
Проза

Чевли за доделување Оскар

/3
стр. 1
Мелина Камериќ

_______________________________________________________________________

Чевли за доделување Оскар

Додека ги филува тиквичките, се сеќава како го остави. Го остави?!? Не го остави таа него. Таа го одеба. На трамвајската станица на Мариин Двор.
    Во петок, во девет и пол навечер.

Сега филува тиквички. Мораше да го помине пола град, пола од ебаниот Лас Вегас за да најде тиквички за филување, павлака и фаширано месо. За вечера ќе филува тиквички. Ќе дојдат Едо и Сајма. Тие се од Бужим. Таа нема поим каде е Бужим. Ни тие немаат поим каде во Сараево е Мариин Двор. Ама тоа баш и нема врска. Тие се сега пријатели. Земјаци. Овде во Лас Вегас.
    Ќе вечераат филувани тиквички и ќе го гледаат доделувањето на Оскари. Тие четворица. Сабајлето заедно ќе одат на работа. Во Казиното. Тие двајца на одржување на машините, таа на шанкот, а Сајма во кујната.

Шест месеци откако го одеба, го запозна Брацо. Уште шест и почна војната.

Ноќта кога го остави, над Сараево имаше полна месечина. Таа викаше дека ѝ е доста од неговите менувања факултети. Дека сака да знае што тој мисли да стори со својот живот. Таа викаше. А тој молчеше. И остана да стои на трамвајската на Мариин Двор.

Денеска купи и чевли од 300$. Сè што имаше тргнато на страна го даде за чевли. Шпицести чевли со тенка штикла. Чевли кои нема каде да ги обуе. Чевли за доделување Оскар. Си знае таа дека ќе ги облече само вечерва. За доделување Оскар. Знае дека мора да има бесни чевли за доделување Оскар.

Понекогаш мислеше на него. Секогаш го памтеше онака здробен на трамвајската на Мариин Двор. Никогаш и никако поинаку. Само ја гледа. Нејзе ѝ се чини дека очите му се полни солзи. А можеби и не се. Не е сигурна. Зашто трамвајот тргнува. А тој ја сведнува главата. Не е ни важно, нели? Таа го одеба лузерот.

Нема поим како сè да му објасни на Брацо. Во суштина и нема што да му објаснува. Таа само има нови чевли од 300$. Па што и ако малку заплаче? И што им е гајле на Едо и Сајма што таа седи со штикли на нозете? Никој од нив тројца нема да знае дека таа него го одебала. На трамвајската станица.

Нека ја гледаат. Сите тројца. Поѓаволите и тие и филуваните тиквички! Таа вечерва ќе ги обуе своите нови чевли. И ќе јаде филувани тиквички. Во приземната куќа од 70 м2. Во Лас Вегас. На ТВ ќе има пренос од


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+