Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 89 | година XVI | март-април, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 89март-април, 2013
Критика

Интеркултурен настан на годината

/7
стр. 1
Венко Андоновски

Дури и еден сосема површен поглед врз денешната состојба на теорискиот дискурс во Европа и светот покажува дека состојбата на тој дискурс денес е – постфилолошка. Кога велам постфилолошка, мислам на радикалното свртување што теоријата го направи од тесно-филолошките методолошки парадигми, од кои последни важни беа структурализмот и деконструкцијата, кон културологијата. Со културолошките студии, со семиотички жаргон кажано, се одвоивме од поединечниот филолошки текст и се упативме кон текстовите на културата. Тука се покажа, многу подрастично одошто врз примерите на поединечните текстови дека за да се разбере текстот на една култура, и уште повеќе, за да се разбере интеракцијата меѓу текстовите и дискурсите на две или повеќе култури, мора да се напушти зоната на филолошкото, реторичкото, структуралното. Не случајно, видни авторитети, како Михаил Епштајн или Славој Жижек се занимаваа, во еден добар дел од својата работа со границите на семиотичкото проучување на културата. Жижек, во добар дел од своите трудови се сврте кон Лакановската психоаналитичка постапка, за да го разгледа психоаналитичкиот потконтинент на културите. Емануел Левинас отиде чекор подалеку од психоаналитичкиот пристап: навлезе во чистата етичка теорија на инаку „нечистите“, хибридни идентитети. Хана Арент, под влијание на личните искуства, отиде уште подалеку – кај неа се тематизираат начините на прозиводство на лаги и „вистини“ околу идентитетите и нивниот асимилаторски, дури и геноциден меѓуоднос. И на теренот на англо-американската теорија овие интелектуални радијации оставија трајни последици. На пример, Фредерик Џејмисон, во култната книга Политичкото несвесно, која дојде по првичната, деконструктивистичка и анти-структуралистичка фаза изложена во Во занданите на јазикот, покажа дека идеологијата е хоризонт кој во интелектуалното размислување би одговорал на највисоките слоеви на атмосферата, за разлика од филолошките, лингвистички проучувања кои се однесуваат на стратосферата на културите. Несвесното влезе и во политиката. Во таа смисла, се појавија редица автори и круцијални студии кои го направија пресвртот од филологијата кон културологијата – Толкувањето на културите на Клифорд Гирц е само една од најпознатите.
     Паралелно со сите овие насоки во кои се разбушави теоретската мисла, а кои имаа никулец во она што уште Лотман го именуваше како семиотика на културата/културите, па дури се обиде да му го омеѓи просторот преку поимот семиосфера, теорискиот дискурс тргна и по еден никулец скриен во пазувите на компаративната книжевност, а деривиран од чисто наратолошкиот термин гледна точка (point of view), односно фокализација, применет сега врз културите. Како една култура перципира друга? Колкава е улогата на стеротипите во семиолошкиот скрининг на една култура со друга? Прашањето беше загатнато






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+