Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 89 | година XVI | март-април, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 89март-април, 2013
Галерија Осврти

Зошто порнографија?

/2
стр. 1
Горјан Ѓорѓиев

Затскриен вресок и крајно висок ликовен израз. Eнергија. Дело и идеја што како опсесивен естетско-психолошки манир ќе егзистираат низ времето. Ликовна совршеност низ фигури – пози – композиции, со силна сексуална конотација. Во секоја уметничка гранка (во смисла дека уметноста, вештачки произведена, кореспондира со некои елементи на реалноста),

порнографијата има потенцијал и моќ и на отворено поле да се справи со огромен број мотиви, безброј естетски прашања, најразлични агли на социјална перцепција и феноменолошки појави. Како што поезијата е поврзана со метриката или сликата со бојата, така и порнографијата се врзува со сериозни прашања за луѓето, општеството, историјата и етиката. Сексуалниот поттекст може да се идентификува во широк спектар на активности на човекот во природните и општествени текови. Уметноста и порнографијата стануваат рамноправни дебатни медиуми и вештини во областа на сите теми кои се сметаат за духовно релевантни, во моментот кога почнува вистински да се доживува содржината.
    Зошто порнографија? Таа е секаде околу нас, систем на сигнали и препознавање, симболи, слики и модели, вредности, имплицитни и очигледни значења. Аналитичарите ќе треба во иднина посериозно да се занимаваат со порнографијата во уметноста, ќе треба да се развие нов сет на услови, храбро да се вклучат во повторни преиспитувања на вредностите, бидејќи сексот отсекогаш бил општествена појава, вклучително мастурбацијата и нејзината репутација како верзија, со имагинарни партнери и фантазирани комуникации. Порнографијата во социјалните текови може да биде, како во случајов, огледало на сатира, надреализам, и нејзините елементи се зголемуваат кога таа мотивите ги претвора во генерализирани искази.

И пред Маркиз де Сад имало прикажување на полови односи кои се базираат на власта, а не на односите меѓу половите. Де Сад, пишувајќи во својот експлицитен, порнографски стил, ја вади содржината од контекстот на сексуалните односи помеѓу две индивидуи и ја става на социјалната сцена, за да ги прикаже својата класа, пол, политички карактеристики, идеологии кои се судираат со корупцијата и ја истакнуваат историјата на тајните општествени друштва. Многу социјалистички утописти го третирале светот во контекст на разбирање на љубовта на совладување која далеку го надминува сексот, па дури и психопатологијата. Културата на фетишизацијата денес и во BDSM е плодна почва за проучување на бројни елементи на психологијата, социологијата, политиката, па дури и економијата, со акцент врз елементите на човечките односи како што се говорот, облекувањето, однесувањето. Порното е деликатно-суптилна тема за прикажување бидејќи негово најсилно оружје е гадоста – приказ посилен од реалноста, претерување, но само тогаш претераното има потенцијал да помине






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+