Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 89 | година XVI | март-април, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 89март-април, 2013
Звук Осврти

Почнав со „Битлси“ и морав да го продолжам патот на музиката

/7
стр. 1
Тина Иванова

Документарни филмови за поп и рок ѕвездите „Битлси“, Џими Хендрикс, Френк Запа, за оперската дива Марија Калас, за големите композиторски умови Игор Стравински, Рихард Вагнер, Бенџамин Бритн, се само мал дел од исклучително богатото портфолио на големиот британски режисер Тони Палмер (1941), добитник на најзначајните светски телевизиски награди. Се сретнавме со господинот Палмер во Скопје, пред неколку месеци, испивме едно долго кафе во ресторанот на Младинскиот културен центар, а поводот за неговото доаѓање овде беше неговата куса, но значајна улога во филмот „Соба со пијано“ на Игор Иванов. Тони Палмер се покажа како многу топол и ведар лик, како исклучителен соговорник кој не сакаше да го прекине муабетењето особено за големите музички уметници, дел од нив и негови добри пријатели, како човек полн со инспирација, мудрост, но и храброст.
    
    Господине Палмер, навистина е невообичаено да се слушне дека еден од најголемите режисери претежно на музички документарци ќе застане и од другата страна на камерата, како актер, и тоа во Македонија. За почеток, имате ли воопшто некакво друго искуство поврзано со нашата земја?

    Да! Имам. Со Македонија сум поврзан повеќе од 50 години. И тоа преку една плоча која што ја добив во 1961 година. Тоа е плоча со традиционална македонска музика, но сега не ги паметам имињата на изведувачите. Сепак, станува збор за прекрасна музика која што ја слушав цело време. Плочата се излити, но ја снимив во дигитална форма.
    Инаку, Скопје еднаш го посетив пред 30 години, ама како турист. А, уште една поврзаност со Вашата земја, е филмот кој го снимив пред неколку години. Се работи за портрет на познатиот грчки композитор Вангелис кој ме заинтересира многу кога зборуваше за тоа каде тој ја наоѓа својата инспирација. Тој велеше дека се инспирира од стара грчка музика, како што ја нарекуваше, но секако тоа не беше „бузуки“ музика, туку постара музика од тоа што го викаат „Грчка Македонија“, а всушност потекнува од овде. Запознаен сум со политичките проблеми на Вашата земја со Грција, па на некој начин секогаш тој звук ми бил многу важен. Византиски звук, ако може така да се каже како еден од начините да се опише.

Пред да преминеме на прашањата за Вашата професија како режисер на музички документарци, какво е Вашето актерско искуство? Се надевам дека досега сте го стекнале со оглед на тоа дека сте соработувале со големи актерски и режисерски имиња?
    Да, сум играл мали улоги во моите филмови, но најчесто тоа се случувало затоа што имало






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+