Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 90 | година XVI | мај-јуни, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 90мај-јуни, 2013
Проза

Патот на свилата

/4
стр. 1
Едуард Прангер

Во селото Лижу, во кинеската покраина Сечуан, живее Мао, ситно црнокосо девојче. Има седум години и е единственото дете во семејството Фанг. Покрај училишните обврски, Мао им помага на мајка си и татко си при склопувањето на пластични играчки. Секој ден напорно работи неколку часа. Рано станува и доцна легнува. Оваа седмица склопи повеќе од три илјади малечки шарени коњчиња и само еднаш се исече на остар раб од пластиката.
    Хуанг Хао двапати неделно со своето комбе поминува низ околните села, ги собира играчките и се враќа во градот Ченгду, каде што живее и работи. Неговото семејство; сопругата, единаесетгодишниот син, чичкото и неговата жена, како и неговиот стар татко, ги сортираат и ги пакуваат играчките во големи пластични кошови. По нив кон крајот на неделата со голем камион доаѓа Жанг Жонгвеи и ја одвезува робата во складиштето на фирмата Шанту Шангај Ченгду Пластични играчки ДОО. Платата не е којзнае што, но тој е самец и задоволен е.

Триесетгодишната Џихан Јанли во голема фабричка хала, со уште триесет други жени, работи на контрола и доработување на робата. Мажена е, трудна е во трети месец. Не беше сосема сигурна, па среќната вест ја остави за следната недела, после лекарскиот преглед. Нејзината најдобра пријателка уште од школските денови, Зои Џијанху врз шарените кутии со спакуваните играчки лепи декларации и ги става на подвижната лента која ги пренесува во соседната хала. Таму Ксијао Ксуемеј, еден од десетината работници во одделот за пакување, вешто и бргу ги реди во големи кутии. Ги лепи со широка лента, ги обвива со пластична фолија и ги реди на дрвени палети. Пред да завршат во централниот склад, кутиите ги прегледува господинот Жифенг, главниот контролор. Врз секоја прегледана кутија го става својот личен печат. Многу е педантен и строг, до пензија има едвај седум месеци.

Су Ганџун е најмладиот од сите возачи на вилушкари, тукушто наполни деветнаесет години. И покрај товарот кој е многу висок и гломазен, тој со своето возило вешто маневрира низ лавиринтот од премини во главниот склад на фирмата. Ги реди палетите една врз друга во осум метри високи метални полици, по потреба ги сортира и ги товари во контејнери. Попладне, после работа, оди на предавања во вечерно школо кое сам го плаќа. Сака да стане информатички програмер.
    Трипати во неделата, Лиу Донгсун со својот камион со приколка транспортира два контејнери полни играчки до царината во Шангај. Тие долги тури му се многу добро платени, па смета дека веќе за пет-шест






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+