Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 90 | година XVI | мај-јуни, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 90мај-јуни, 2013
Критика

Кружно патување: од литературата до анимираниот филм и назад

/6
стр. 1
Марта Маркоска

Од каде да тргне човек кога треба да анализира 3 генијални дела, 3 извонредни производи на современата култура, сите подеднакво комплексни, секое во својот домен, а од друга страна, секое од нив со свои специфики, поединости и атрибути што не се својствени за другото. Дали промислувањето треба да го следи аналитичкиот или синтетичкиот принцип, промислувајќи ги поединечните симболи на секое од делата, или пак спротивно од тоа, разгледувајќи ја нивната целовитост како придобвика од комплетното уметничко-спознајно искуство? Бидејќи овде не се работи за филозофски категории, туку за стриктно уметнички, сепак, треба да се спроведе компаративниот метод како единствено оправдан кога станува збор за дела кои истовремено се толку истородни, блиски во својата уметничка и едукативна фукнција, но едновремено и толку различни, заради природата на просторот во кој го наоѓаат својот израз.
    Станува збор за велемајсторски напишаниот расказ на Димитар Солев, Кружното патување на сенката, истиот преобликуван во уметничка бајка „извадена од левиот џеб“ на авторот Александар Прокопиев, и двете пресоздадени и преобликувани во еден генијален филмски производ, дело на режисерот Жарко Иванов и ликовниот творец Александар Зафировски, односно ФлипБук (FlipBook) Продукција.
    Овде набројав три авторски искуства пренесени преку различни медиуми и техники на изразот. Секое од нив, несомнено, достојно за темелна анализа само по себе, но и во неизбежна интерферентна врска едно со друго ја обземаат истражувачката љубопитност на секој што ќе си ја земе задачата да толкува. Стравувањето што при тоа се јавува е дали интерпретаторската анализа на оној што си ја зел таа задача ќе биде достојна за делата? Дали нема да изостави нешто од нивната сеопфатност поточно дали и самата компаративна студија ќе биде сеопфатна како што се и делата сами по себе? Има само еден начин да се дознае, а тоа е да се проба! При тоа не мислев на проба како вежба, туку на нешто што треба да се стори со голема храброст. Па да тргнеме во потрагата, и тоа од делото од кое и започна целото кружно патување – расказот на Димитар Солев.
    За наша голема среќа, јасниот и прецизен раскажувачки израз на Солев ни помага спретно да го следиме низ текстот и во ниеден момент да не застраниме од текот на значењето. Главна архетипска слика во расказот Кружно патување на сенката е јукста-позицијата на градот и гробишата. При тоа, овде мислам на контрастот што се создава при вообличувањето на сликата на градот како дом на живите и од друга страна, сликата на гробиштата како дом






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+