Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 90 | година XVI | мај-јуни, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 90мај-јуни, 2013
Есеи

Поетика на патувањето, патување на поет(ик)ите

(десет несовршени одговори на прашањето: зошто патуваат писателите?)


/3
стр. 1
Владимир Мартиновски

Ако си го поставиме навидум едноставното прашање „зошто патуваат писателите?“ во оваа пригода би се обиделе да понудиме неколку можни одговори, и покрај тоа што веднаш им наоѓаме по некој контрааргумент или, по некоја „Ахилова пета“…

1. Писателите патуваат за да видат и за да доживеат нешто Ново
    Како патник, писателот, секако, добива можност да види нешта што можат да ја раздвижат имагинацијата. „Набљудувачот е принц кој ужива во своето incognito каде и да патува“ – вели Шарл Бодлер, кој во финалниот стих од познатата песна „Патување“ поентира дека клучниот мотив на неговиот концепт на патување е да се нурне длабоко во Незнајното во потрага по Новото!
    Но дали денес, во дигиталното доба и во „екранската култура“, во која за миг можеме да видиме слики/фотографии/кадри од секое место на Земјината топка сè уште важи Бодлеровиот сон за „нешто Ново“?
    Еден вид луциден одговор ни нуди Итало Калвино, кој, уште пред експанзијата на интернетот, се сложува дека сликите од сите места на Земјата ни се достапни, но не и мирисите и вкусовите!

* * *
Еден вид (циничен) контрааргумент за тезата дека патувањето е потрага по нешто Ново, би била древната поговорка „Ништо Ново под Сонцето“.

2. Писателите патуваат бидејќи по патувањето сакаат да напишат нешто Ново
    Уште од древните епoви па сè до современите патописи, уметноста на зборот ги манифестира своите длабоки, речиси нераскинливи врски со темата на патувањето. Говорејќи за „папочната“ врска на книжевноста со топосот на патувањето, Хајрих Хајне доаѓа до сознанието дека „патописот е најизворен и најприроден облик на роман“.
    Како приврзаници на древната максима „оној што не патувал – исто како да не живеел“, некои од писателите (од Волтер и Бајрон до Лондон и Јурсенар) сметаат дека патувањата им биле еден од основните предуслови за книжевната креација, а други, пак, (од Ванг Веј и Башо до Кеурак и Вајт), токму на пат ги испишале своите најдобри редови. Возејќи се во париското метро, Жорж Перек пишувал песни, а некои писатели напишале цели книги летајќи со авион.

* * *
Неоспорно е дека некои писатели го опишувале тоа што претходно го доживеале во авантуристичките патувања (од Херодот и Марко Поло до Ибн Батура и Флобер), но сепак не треба да заборавиме дека голем број писатели (од Хелдерлин и Свифт до Верн и Уисманс), покажале дека човек и не мора да ја напушти својата работна соба за да патува. Преку книжевноста, несомнено, може да се остваруваат и „имагинарни патувања“.  

3. Писателите патуваат за да запознаат други култури и книжевни традиции
    Престојот во друга






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+