Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 90 | година XVI | мај-јуни, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 90мај-јуни, 2013
Есеи

Бајката и бајковитото и хронотопот на јужнословенскиот Балкан

/8
стр. 1
Наташа Аврамовска

Бајката и бајковитото во македонската современа литература се појавува секогаш како „магична формула“низ чијашто жанровска матрица се изразуваат пресвртните и кризни општествени периоди. Општествените претпоставки за присутноста на бајката и бајковитото во македонската литература се во присутноста на усноста и усно-поетичкиот код во контекстот на актуелните комуникациски практики на македонската заедница. Посегнувањето по едноставните облици на раскажувањето во основа се потпира на прагматиката на раскажувањето во „соседскиот контекст“, ја претполага текстурата на раскажувањето кое се обликува со посредство на општо познатите усни кодови. Усно кодираните облици на раскажувањето постојано продуктивно се преобразуваат во нивната вкрстеност со уметничките постапки на уметноста на зборот.
     Присутноста на бајката во современата македонска книжевна продукција најдиректно би ја посочила со првото експлицитно автобиографско сведоштво во македонската литература на темата „Голи Оток“, бајката за деца на поетот Душкo Наневски, „Момчето со ѕвезда“, којашто тој ја објавува во 1993 година. Станува збор за нарација доследно изведена во манирот на народна бајка. Како и во сите бајки за луѓето, и во неа се работи за Јас наспроти светот. Јас е во право, спротивставениот свет е погрешен. Станува збор за магијата на Јас којашто на крајот триумфира над извртениот свет. Кога Јас е меѓутоа, преслабо, истоштено и на крајот од своите сили во грозомората на „Голи Оток – Островот на ѓаволите“ во неговата исправност му доаѓаат напомош добрите духови кои живеат во просторот на Волшебната Планина: самовилите, умните шумски птици и сл. Дотогаш доминантно реалистичната парадигма на раскажувањето со посредство на магијата на речта (измената на плановите на раскажувањето) и на сонот, во поглавјето „Сонување на патот“ го воведува просторот на магичното, волшебното и излезот од патилата на островот, без оглед што неговата црна сенка постојано и натаму го следи момчето со ѕвезда во сенката на човекот во црно. Навистина станува збор за бајка во духот на народната која на децата им ја пренесува животната сторијата на Дарко, Момчето со Ѕвезда, и историјата на Островот на црвените ѓаволи во која возрасниот читател многукратно ја препознава голооточката тема во контекстот на југословенското социјалистичко општество. Текстурата на бајката е претпоставена во консензусот на заедницата односно во општественото знаење.
     Романот на Петре М. Андреевски: Скакулци (1984) е изграден како мултипликација на поединечните кажувања врз единствениот фон на нивното (историско) врамување. Мултипликацијата на гласиштата на населението – разни анегдотски или чудовиштни бајколики кажувања во соседски контекст – во нивното повеќекратно семантичко преломување на планот на врамената нарација, налага читање коешто наликува на решавање ребус. Ребусот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+