Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 90 | година XVI | мај-јуни, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 90мај-јуни, 2013
Звук Осврти

Епско патување со „Оф-фест“

/4
стр. 1
Тина Иванова

Заврши уште едно издание на „Оф-фест“. Уште едно епско патување низ некои стари, за нас познати или непознати приказни, раскажани во духот на музичкото совремие. Фестивалот, кој пред 12 години почна со идеја да ни ја презентира т.н. „светска музика“, не само што ја зацврстува концепцијата, туку сега го покажа својот силен одраз во огледалото. Многу публика, можеби и најмногу досега, одлична програма, релаксирана атмосфера, многу аплаузи, среќни лица и дебатирања во кулоарите, се елементите што го красеа и овој „Оф-фест“ кој на различни локации (МОБ, Универзална сала, кино „Фросина“) се одржа од 1 до 6 јуни.
    Се разбира, присутно беше и чувството на оддишка, она исто чувство што го имаме и наесен кое се јавува за време на „Скопскиот џез-фестивал“ или на која било добра културна манифестација, чувство кое за миг ве одвлекува од суровата, банална и прагматична политичка и социјална реалност која и без наша волја нè окупира, притиска, а знае и да нè фрли во бездна.
    

Фестивалот почна со концертот на големата индиска ситаристка Ануша Шанкар (Anoushka Shankar), позната и како ќерка на легендарниот Рави Шанкар (Ravi Shankar). Аплаузите и овациите на македонската публика не ја пуштаа да си оди од сцената. Шанкар и нејзиниот бенд составен од вистински виртуози, ги воодушевија присутните во Универзалната сала презентирајќи го во Скопје мошне интересниот албум „Патник“ (Traveler) – издание кое во себе ги соединува индиската класична музика, рагата, со шпанското фламенко, преполно со иновации и изведувачки експерименти кои произлегуваат од креативниот дух на музичарите.
    Отворањето на „Оф-фест“ помина во убава атмосфера. Без некој посебен гламур, црвен килим и видни личности од политичкиот живот. А она што беше најважно е што врвната уметница Анушка Шанкар првпат доаѓа на Балканот, така како што направил и нејзиниот татко, реномираниот индиски музичар Рави Шанкар, кога настапил на „Охридско лето“ во 1977-та, ставајќи ја Македонија прва на неговата концертна агенда за овие простори.
    Концертот почна со изведба на традиционална индиска рага која што ја најави самата Анушка, така како што правеше и во понатамошното течение раскажувајќи го патот на музиката на која што моментно ѝ се посветува. Односно, приказната за Ромите кои од Индија се преселиле во Андалузија, всушност за фламенкото кое влече корени токму од најнаселената земја преполна со за нас егзотични бои и мириси, каква што е и музиката на Анушка Шанкар.
    

Во деновите кога антивладини протести ја тресат цела Турција, кога илјадници луѓе демонстрираат на плоштадот „Таксим“ во Истанбул поради најавено сечење на дрва






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+