Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 91 | година XVI | јули-август, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 91јули-август, 2013
Поезија

Колку ужасно задоволство

Превод: Анета Пауновска


/9
стр. 1
Румен Леонидов

Во 8 часот
На централната станица
Камен во мочуриштето
Уште еден камен во мочуриштето
Под плаштот на принципите
Врвот на мојот јазик
Несреќа
Страв
Колку ужасно задоволство

_______________________________________________________________________

Во 8 часот

Сонот се крена од трепките,
и сега зјапнал:
трговците, ококорени, зборуваат на сон,
бројат профит
(и затворски решетки),
првите палачинки за денов
одамна се зашеќерени и се варат
во мистериозните влезови
на градските стомаци,
Софиските девојки – кои танцуваа во машките прегратки
за време на ноќта –
Сега тоа слатко го преспиваат…
Тапоглавиот
го плази јазикот чекајќи чкембе,
викачот вика „Да живее работата“
и веќе седи на својата маса
(веднаш пред масата на оној со врзаниот јазик)
насилниците го наместија невиниот поглед
полн со покорност,
озборувачката машина сè уште не е вклучена –
нејзините окна сè уште се проѕеваат – кафулето е затворено…
                              штета!
Кој вели оти
за нашата работничка поезија нема луѓе?
Кој вели оти
Работничката поезија е нечепната?
Во овој час
Никој сè уште не знае
дали праведниот Павле и праведниот Петар
конечно праведно се имаат претворено
во апостоли
никој сè уште не знае
дали она што беше важно вчера
денес ќе осамне како важно,
никој сè уште не знае
дали бројниците на совеста
исчезнале од канцеларискиот сеф
синоќа,
никој сè уште не знае
дали личниот шофер на личноста
конечно се има сетено оти и тој е личност…

никој не знае во овој час
зошто ѝ завидувам на осумката на двете нули,
зошто не им завидувам на нулите.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+