Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 91 | година XVI | јули-август, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 91јули-август, 2013
Проза

Бојата на песот што бега

(извадок)


/12
стр. 1
Ричард Гвин

1. Разгледница

Враќајќи се пешки дома една вечер во мај, бев сведок на грабеж, и не сторив ништо во врска со тоа. Можев да проценам што ќе се случи. Бев во готскиот дел од градот, веднаш до Рамблас. Долж улицата беа наредени китнести фенери, потсетници на некое повеличествено доба, и тесни улички водеа кон лавиринти недопрени од дневната светлина. Како што поминував покрај влезот во една од таквите улички, забележав дека едно бледо младо момче стои таму и со змиски очи го набљудува сообраќајот од луѓе. Го забавив одот.
    Минав неполни десет чекори пред да слушнам женски глас како извикува еден збор на пискав англиски. Човекот беше скокнал и се обидуваше насилно да ѝ ја истргне чантата на една жена со пепелаво-руса коса и тен изгорен од сонцето, облечена во кратко розово фустанче. Прерамката на чантата се беше замотала околу рамото на жената. Крадецот продолжи да тегне, жената се сопна, и како што паѓаше врз патот, чантата ѝ се лизна од рамото. Крадецот со трчање ја премина улицата и влезе во тесното сокаче, цврсто држејќи го пленот припиен до градите.
    Сево ова се случи во еден миг. Не можев да мрднам.
    Жената неколку секунди остана да лежи во сливникот, а розовото фустанче ѝ беше кренато околу колковите. Лежејќи така, наполу на тротоарот, наполу на патот, изгледаше тажно и ранливо. Беше крупна и нозете ѝ беа црвени. Несмасно се исправи и викна, „Фатете го ѓубрето!“
    Гледаше право во мене.
    За среќа, тука се најде еден совесен граѓанин кој беше блиску до сокачето. Беше младичок, облечен во тенко сино сако. Се заврте и почна да трча по крадецот. Исчезна во темнината за да се врати по неколку секунди со рацете раширени во знак на беспомошност. Накратко се обиде да ѝ искаже зборови на сочувство на жената, која ништо не го разбра, а потоа ги крена рамениците и си отиде.
    Жената со неколку лути потези на раката си го подзачисти фустанот. Изгледаше како да ќе заплаче. Сè уште се немав мрднато. Неколкумина други кои застанаа за време на грабежот со надеж дека ќе добијат доза возбуда тргнаа да си одат. Си мислев, меѓу другото, што можело да има во чантата.
    „Можеше да го фатиш. Ѓубре!“ Првиот слог од тој збор го исфрли како да се дави на коска.
    Очигледно беше дека мене ми се обраќа, но не бев спремен да го кренам погледот и да се соочам со неа, да одговорам на ова обвинување. Најверојатно беше во право. Да можев да се


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+