Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 91 | година XVI | јули-август, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 91јули-август, 2013
Проза

Мали раскази

/2
стр. 1
Давид Албахари

_______________________________________________________________________

Во градината

Секоја ноќ го сонувам истиот сон. И секоја ноќ се будам во истиот миг, пред да успеам во сонот да ја тргнам завесата од прозорецот и да видам кој е во градината. Таа појава бере цвеќиња и тивко ме повикува. Не по име, оти името очигледно не ми го знае, туку само тивко извикува: Дете, еј дете, ехеј!

Сетило за мирис

Воздухот денес е полн со возбуда, задоволно изјавува медицинската сестра додека го мести креветот на старецот. Мене ми мириса на предупредување, одговара старецот и се обидува да ѝ ја бутне раката меѓу бутовите. Медицинската сестра го плеснува по рака и му вели дека сетилото за мирис му е сосема в ред. Луѓето на Ваши години, вели таа, не само што немаат сетило за мирис, туку многумина воопшто немаат нос. Старецот во истиот миг си го опипува носот. Мојот е на место, вели старецот. Вие сте прав мангуп, му возвраќа медицинската сестра, се насмевнува и си оди. Сам во собата, старецот уште долго си ги душка прстите.

Смртоносна математика

Ристо имаше 27 години кога умре мајка му. Татко му умре по 12 години, а неговиот брат близнак, кој никогаш не ја прежали смртта на брата си, таткото на Ристо, се уби по два месеца. Неговиот син загина 3 години потоа, заедно со останатите членови на својата планинарска група, некаде во австриските Алпи. Точно 35 години претходно, се роди сестрата на Ристо. Таа умре 10 години подоцна, односно 5 години откако се роди Ѕвездана, првата жена на Ристо. Ѕвездана се зеде со Ристо 22 години подоцна, а се разведоа по 6 години и 6 месеци брак. Две години потоа, но сега не во истиот град, Ристо се ожени по вторпат. Неговата втора жена имаше брат кој беше 4 години постар од неа, иако изгледаше како да е најмалку 10 години помлад. Само 8 дена по нивната венчавка, нејзиниот брат падна по скали и си го скрши вратот. Кога го слушна тоа, неговата свршеница, која беше бремена, се онесвести и се струполи на каучот. Тогаш ниту нејзе, ниту на детето – кое беше девојче – не им беше ништо, но по 12 години, на школска екскурзија, девојчето падна во запуштен бунар и се задуши пред до неа да стигне помош. Ристо тогаш имаше речиси 55 години.

Глас

Ноќе, дури растат сенките, расте и стравот на детето, се шири и покрај гласот кој допира до него






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+