Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 91 | година XVI | јули-август, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 91јули-август, 2013
Есеи

„Повикот на Ктулху“ читан низ призма на концептот на отстранение

/13
стр. 1
Кристина Димовска

1. Ктулху[1]?


    

„Но, забележете (…) ние живееме меѓу загатки и тајни: – и најочигледните нешта што ни се испречуваат на патот имаат свои темни страни во кои не може да навлезе ни најбрзиот поглед; па дури и најбистрите и највозвишени умови меѓу нас се збунуваат и се во загуба речиси во секоја пукнатина на природните дела: така што оваа, како и илјадници други работи, ни поаѓа од рака на некој начин што ние не можеме со разумот да си го објасниме, но сепак наоѓаме за добро што е така (…) и тоа ни е доволно.“
    Лоренс Стерн, Тристрам Шенди

Овој есеј ќе се обиде да укаже на инвенциите (и/ или конвенциите) кои ги применува Хауард Филипс Лавкрафт во неговиот расказ “The Call of Cthulhu” („Повикот на Ктулху“), анализирани од аспект на поимот отстранение/ очудување, загатнат од Виктор Шкловски, со фокус на фикционалниот јазик на псевдомитолошките суштества создадени од овој автор, но и на нивното потенцијално потекло.
    Терминот отстранение го дава Виктор Шкловски во 1917 во есејот „Уметноста како направа“ (некаде „Уметноста како техника“, што можеби подобро го илустрира експликаторното поле на самиот термин). Едноставно срочено, поимот отстранение (на македонски преведено како: очудување, отуѓување, онеобичнување, дефамилијаризација, де-автоматизација, алиенација) се темели на потребниот концепт од нови форми во книжевноста (општо) и во едно индивидуално, книжевно дело (посебно). За да биде сметано за уникатно, неповторливо, оригинално (и доколку сите овие атрибути се можни и апликативни во доменот на книжевната аксиологија), што ќе поттикне на внимание и што ќе се смета за извонредна скица на интригантни книжевни отстапки, книжевното дело мора да се сврти кон книжевно-историското минатото и да се вклучи во постапката на преосмислување (па и пре-вреднување, пре-оценување…) на речиси сè она што дотогаш било прифатено и втемелено како норма, како прескрипција или органон за вешто моделирано дело. Врз оваа основа, постапката на очудување ја анулира (или барем се обидува, бидејќи тоа е и нејзината цел) постапката на автоматско подражавање на: стилот на добрите автори, на веќе создадените и познати фабули, на сижеата, структурите, клишеизираните типови јунаци, текстуални интенции, и да тргне кон создавање на нова форма, на нова конвенција на пишување, со цел да го обележи раздобјето во кое овој нов текст настанува; со тоа истовремено се фиксира и културно-општествениот код кој во себе го складира секое книжевно-уметничко дело. Следствено, поимот на очудувањето се сфаќа како потрага и потреба по и од одново обмислени книжевни инвенции и конструкции – да се каже дека едно книжевно дело

_____________________________________

1. Името на ова суштество го наведуваме онака како што го дава Влада Урошевиќ во Демони и галаксии. Најчестата форма под која имево се среќава во популарната култура е Ктулу.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+