Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 91 | година XVI | јули-август, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 91јули-август, 2013
Критика

Мисија: Потрага по „ромското“ во себе

/3
стр. 1
Ермира Камбери

Критиката на Наоби Томпсон за филмот на Тони Гатлиф Гаџо Дило, го следи историскиот тек на поделба на Ромите од не-Ромите. Живеејќи одделно едни од други и со многу малку допирни точки (доколку некои и постојат), реалноста на оваа врска е навлезена во тоа како овој филм се гледа и се разбира. Всушност, Томпсон пишува од гледна точка на не-Ромите без да им даде глас на Ромите како гледачи на истиот филм. Во секој случај, овој филм раскажува за тоа како не-Ромите се среќаваат со ромската култура – авантура која го открива скриениот копнеж да се ѕирне во фасцинантниот живот на Ромите. Иако таа го потенцира јазот во (не)разбирањето меѓу двете групи, таа не развива конкретни аргументи за тоа како овој филм влијае на големината на овој раздор.
    Во својата критика, Томпсон зазема позиција на едната страна на јазот наместо да лебди во средина и да ги надгледува двете страни. Во презентирањето на нејзините аргументи од не-ромска перспектива таа се потпира на романтичните ставови за Ромите, и како што ќе видиме подоцна, ставови кои им даваат лична утеха. Ова е првата слика што таа ја опишува: „Овој филм е круна на достигнувањето на Гатлиф како интерпретатор на ромската култура, конечно носејќи не позади прагот и внатре во кревет со виолинистите, крадците на коњи, темно-кожи номади притаени во нивните кочии и кампови на работ на Европската Тврдина.“[1] Токму тука Томпсон ја воспоставува поделбата помеѓу ние и тие и сите аргументи кои што следат се за тоа како „ние ги откриваме нив“ преку ликот на Стефан. Она што следи всушност е разоткривање на ориенталистичката фасцинантност комотно проектирана во ромската култура, како што наведува и самата Томпсон: „…соочени сме со бегалец од нашите дефектни култури кој што бара сребрена вистина во егзотичните и непознати околини воспоставувајќи контакт со ‘другиот’ и спремајќи се да се врати назад со ограбеното богатство – Елгин мермер кој ќе ни го расветли животот.“[2] Јасно е дека таа сочувствува со мисијата на Стефан и уште повеќе ја потенцира егзотичната природа на неговата авантура вклучувајќи неколку алузии со секс сцени во филмот и опишувајќи го среќавањето со Ромите како момент на трансфер во шаманска екстаза. Таа истакнува колку е битно да се преземе културата на „другиот“ за да се добие влез во заедницата, а што е најважно, Томпсон многу живо ни го опишува нејзиното разочарување што протагонистот во последната сцена ги уништува касетите со Ромска музика. За неа, овој потег

_____________________________________

1. Thompson, Niobe. “Understanding the Gulf: Tony Gatlif's Gadjo Dilo.” CER: Central Europe Review. 27 Nov. 2000. Web. 25 Oct. 2011. .
2. Thompson, Niobe. “Understanding the Gulf: Tony Gatlif's Gadjo Dilo.”






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+