Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 91 | година XVI | јули-август, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 91јули-август, 2013
Критика

Религиозната сатира во „Портокалите не се единственото овошје“

/5
стр. 1
Чунг Чин-Ји

„Портокалите не се единственото овошје “(1985) на Џенет Винтерсон, полу-автобиографски портрет на животот на авторот, нуди остра критика за христијанството од некој кој се чувствува отуѓен од нејзините закони, обичаи и ритуали, односно Џенет, главниот лик, лезбејка која се чувствува угнетена од страна на патријархатот на христијанството. Израсната во ревносно верско семејство кое има за цел да ја направи мисионер, оваа прекумерна страст кон религијата всушност се докажува како пропаста на Џенет, како што жените почнуваат да ѝ се восхитуваат на нејзиниата библиска страст и таа започнува сексуално да ги привлекува, по што Џенет има низа на афери со млади жени во црквата.
    Да ја фразирам оваа пропаст со зборовите на пасторот Финч, раководителот на црквата на Џенет, „Најдобриот стана најлош.“ (1985:16) Се смета дека Џенет станала исполнета со зло, стрмоглав пад од тоа да се биде исклучително свет, затоа што таа подлегнала на нејзината желба за жени. Винтерсон е демонизирана од моментот кога таа изјавува дека е лезбејка. Суровата нечовечност со која таа е на крајот екскомуницирана од црквата е она на што таа се спротивставува.
    Навистина, Џенет е наполно огорчена од процесот, бидејќи се чувствува дека нејзиното автентично јас е потиснато. Џенет цврсто верува дека бракот е празна и бесмислена институција. Ова чувство, дека бракот е измама, произлегува во голема мера од нејзиното набљудување на бракот во нејзиното семејство. Прилично бестрастниот брак на нејзините посвоители се чини дека е далеку од разузданите страсти што таа ги открива во рацете на жените во нејзината црква, кои пак ја напуштаат поради нејзиното екстремно благочестие.
    Според Винтерсон, христијанската религија како високо угнетувачка институција. Таа ја опишува нејзината мајка, како да е повеќе Стариот Завет него Новиот Завет, со други зборови, нејзината мајка се воодушевува на глетката на уништување на грешниците без искажување на милостта, простувањето и љубовта кон нив, нешто што Исус го проповедал во Новиот Завет.
    Таа секогаш се молеше на ист начин. Пред сè, ќе му се заблагодареше на Бога што дочекала да види нов ден, а потоа ќе му заблагодареше на Бога што го поштедил светот уште еден ден. Понатаму, зборуваше за нејзините непријатели, што наликуваше на катехизам.
    Штом „Одмаздата е моја кажа Господ“ протатни низ ѕидот во кујната, го ставив чајникот на решото. Времето кое беше потребно за да се свари водата и да отстои чајот се едначеше со должината на нејзината последна точка, листата на болни. Таа беше многу претвидлива. Ставив млеко (во чајот), таа влезе, земајќи голема голтка чај






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+