Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 91 | година XVI | јули-август, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 91јули-август, 2013
Звук Осврти

„Седум приказни“ за седум расположенија

Кон првиот самостоен албум на нашиот афирмиран тапанар Гоце Стевковски, „Седум приказни“, кој му дава нов поглед на музичкиот живот


/2
стр. 1
Тина Иванова

Во една петочна летна вечер, на годинашното културно „Скопско лето“, прекрасниот амбиент на Сули ан во Старата чаршија беше исполнет со звуците на џез-септетот на македонскиот тапанар Гоце Стевковски, нов бенд составен од веќе реномирани и афирмирани музички имиња кои претежно делуваат во сферата на џезот. Очекувано, како и досега (момците од септетот сме ги гледале засебно во други формации), ни подарија една интересна, инспиративна, па и иновативна вечер во која музиката им ги стопли срцата на присутните. Септетот составен од извонредни музичари од различни генерации кои ги сплотуваат досегашните искуства стекнати во земјава, ама и надвор, на европските џез сцени, го промовираше првиот албум на Гоце Стевковски насловен „Седум приказни“, кој неодамна го виде светлото на денот во издание на „Пасворд продукција“.
    Покрај Стевковски, кој е автор на сите седум композиции кои го чинат албумот, и се разбира, кој се јавува и како тапанар, овој нов состав, кој првпат во ваква формација ги здружува своите креативни сили, го чинат и Трајче Велков на труба, Кире Кузманов на алт-саксофон, Иван Иванов на тенор-саксофон и флејта, Александар Икономов на контрабас (иако на концертната промоција на контрабас го видовме Оливер Јосифовски), Дамир Имери на клавијатури и Сашко Николовски на тромбон; како специјален гостин се јавува кубанскиот перкусионист Оскар Салас, кој веќе две години живее и твори во Македонија.
    По соработката со истакнати музички уметници и групи, меѓу нив и Кирил Џајковски, Никола Коџабашија, „Д.Н.О.“, „Фолтин“, Бодан Арсовски и „Езгија оркестар“, „Архангел“, „Ласт експедишн“, „Проект Жлуст“, Гоце Стевковски решава да броди сам во морето од музика; по деценија и половина успешни соработки, тој конечно се докажува и како композитор. Албумот „Седум приказни“ („7 Stories“) е сигурно плод на сето негово досегашно знаење и умешност што Стевковски најпрвин го градел, развивал, а потоа и го исполнувал, но е и експлозија од креативност која во него тлеела годиниве наназад и на која „сега ѝ дошло времето“ да се изрази, да се појави пред јавноста.
    Уште на самиот почеток, со насловната тема, се наѕира целокупната атмосфера што го обојува албумот. Може да се гледа како на издание со програмски карактер, во кое имињата на композициите ја сликаат и содржината; насловите „Седум реки“, „Седум дена“, „Седум џуџиња“, „Седум гревови“, „Седум чуда“, „Седум планини“ ѝ даваат една бајковита структура. Почетокот е впечатлив, темата ја носат дувачите, како што се случува и во понатамошниот тек; дувачите, всушност, се акцентот и сржта на музичките приказни. На албумот од прва се „слуша“ ревискиот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+