Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 91 | година XVI | јули-август, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 91јули-август, 2013
Галерија Осврти

Изложба, конференција и работилница

6 декември 2013 – 8 февруари 2014


/1
стр. 1
Toxicity

TOXICITY 2013 е инаугурална изложба, конференција и работилница од циклусот изложби и конференции на тема токсичности во современиот свет. Првата од изложбите, под кураторство на д-р Мелентие Пандиловски (директор на Видео Пул од Винипег) и д-р Џенифер Виле (директор на Инкубатор лаб при Универзитетот во Виндсор) става акцент врз канадската биотехничка уметничка сцена во меѓународен контекст. Во таа смисла, TOXICITY ќе претстави дела од дванаесет нови и етаблирани канадски и странски уметници кои користат биолошки медиуми за да ги истражат вистинските и претпоставените токсични нуспродукти и производи поврзани со биотехнологијата, биобезбедноста, биомедицината и биополитиката.

Изложените дела ќе ги претстават приказните за пристапот на уметниците кон биотехнологијата, вклучувајќи истражувања во областите: биополитички конфликти во реалниот и во виртуелните светови во кои се вклучени НВОи, влади и корпорации; контрола врз енергијата и изборот на материјали за гориво и алтернативни извори на енергија; причините за и последиците од промените во околината; темата на самоодржливост на околината; микро и макро екологија; живот, генетески модификувани производи, смрт и надворешен изглед. Имајќи ги овие теми на ум, избраните уметници понудија спектар од пристапи, од хумористични и игриви во смртно сериозни, истражувајќи ги начините на кои размислуваме за потеклото на животот, обемот и димензиите на живата материја и природата на прехраната, смртта, модата и надворешниот изглед.

Следните уметници се поканети да изложат: Триш Адамс (Бризбејн, Австралија), Алана Бартол (Виндсор, Канада), Аманда Вајт (Торонто, Канада), Џенифер Виле (Виндсор, Канада), Елејн Витакер (Торонто, Канада), Тањи Даф (Монтреал, Канада), Аганета Дајк (Винипег, Канада), Дејвид Канг (Ванкувер, Канада), Ендру Пелинг (Отава, Канада), Ники Спероу (Аделаида, Австралија), Рива Стоун (Винипег, Канада), Тед Хајберт (Сиетл, САД).

Покрај изложбата, делата понатаму ќе бидат контекстуализирани пред канадската публика во рамките на биоуметничката работилница под водство на австралиската уметница Ники Спероу и преку јавниот симпозиум во кој ќе бидат вклучени повеќе од уметниците застапени на изложбата и значајни канадски и странски теоретичари во областа на уметноста/науката.


    

Биоуметничка работилница „Зони на инхибиција“ со Ники Спероу, 5-8 декември 2013.

Јавен симпозиум „Токсичен живот и конструирана смрт“ (воведен говор на Стив Курц, Критички уметнички ансамбл) со учество на канадски и странски теоретичари во областа на уметноста/науката. 9 декември 2013.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+