Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 92 | година XVI | септември-октомври, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 92септември-октомври, 2013
Проза

Солзите на вулканот

/4
стр. 1
Калина Малеска

За него дознав по еден необичен настан за кој прочитав во весниците минатата година. Големиот град што се наоѓа близу местото каде живеам е сместен на вулкански падини. Вулканот со векови, ако не и со милениуми, беше мртов. Речиси сè што потсетуваше на жив вулкан беше препокриено со помлади карпи, земја, а по некаде и вегетација. Само ретки остатоци сведочеа за постоењето на вжарена лава пред повеќе стотици години, а еден од овие остатоци беше кратерот, сега на места обраснат со треви. Неколку недели пред необичниот настан, и градот на падините на вулканот и сите околни села беа загрижени оти од кратерот почна да се шири мирис на сулфур, карпите сè почесто се затресуваа, мирисот стануваше сè посилен, а последните неколку дена и црн чад се виеше кон облаците токму од центарот на кратерот. Научници од многу земји дојдоа да го видат и да го истражат чудото, оти ова веќе не се сметаше за вулкан ами за планина, и ете сега – од планината пак вулкан стана. Се планираше евакуација, но со бавно темпо зашто никој не веруваше дека лавата би можела да ги пробие камењата, земјата и карпите наталожувани толку долго време по смртта на вулканот. И одеднаш, пред дури и да отпочне евакуација, се случи она за што утредента прочитав во весниците и по што ја почнав својата истрага.
    Целиот вулкан клокотеше толку силно што куќите и зградите се нишаа лево-десно секој миг подготвени да се урнат стрмоглаво удолу по падините, воздухот се вжешти, мирисот на елементите што пробиваа од земјиното јадро стана не само неподнослив, ами и отровен. Врелата лава шикна низ отворот и тргна да ги преплави ширините околу себе од врвот на вулканот кон неговото подножје, но по пат, уште речиси на самиот почеток, кога сè уште беше близу до врвот, лавата се престори во вода и во оваа форма продолжи да тече надолу. Тоа беше неверојатна глетка – знам, оти видов снимки на телевизија. Чудо невидено во историјата на светот. Тресењето се смири, мирисите исчезнаа, водата многу бргу секна. Она што стигна од неа во градот го допираа прво најсмелите, а кога се откри дека е обична солена вода, многумина зедоа шишиња и ги полнеа со неа, со верување дека има лековити моќи. Кога пристигнатите научници прибраа примероци и ги испитаа подетално открија дека водата, всушност, нема никакви волшебни моќи, но има една друга карактеристика: сепак, не беше обична солена вода, ами имаше и елементи






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+