Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 92 | година XVI | септември-октомври, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 92септември-октомври, 2013
Есеи

Мартин Хајдегер за поетското домување

/15
стр. 1
Јордан Шишовски

Вовед


    Текстот …поетски домува човекот… (dichterisch wohnet der Mensch), Хајдегер го одржал како предавање на 6 октомври 1951. Овој текст го надополнува Градење домување мислење. Заедно, двата текста чинат една целина. Додека во првиот текст е посветено помало внимание на промислување на мислењето, во вториот е исправена оваа „неправда“. Тука е посветено посебно внимание на односот меѓу мислењето и јазикот. Според Хајдегер, јазикот се пројавува во сиот сјај преку поезијата. Затоа тој ги сместува поењето и мислењето заедно.
    Насловот на овој текст Хајдегер го зема од една фраза од песна на Хелдерин (Hölderlin). Од неа ја извлекува централната тема на есејот – поетското домување. Уште на самиот почеток на есејот, Хајдегер ги поставува прашањата: „на кој начин човекот, а тоа значи секој човек во секое време, треба да домува поетски?“ и „дали сето домување не останува нескладно со поетското?“ (2001, 211). Хајдегер ги поставува овие прашања имајќи ја предвид кризата на домувањето во поствоена Германија. Овој текст е напишан веднаш по Втората светска војна, што довела до несфатлив размер на уништување и масовен недостаток на домови. Другиот проблем е брзината на живеењето, борбата за заработка и успех, како и експанзијата на рекреативната индустрија. Поезијата во технолошката доба е сведена исклучиво на литература или отфрлена како непотребно сонување. Хајдегер ја критикува западната технолошка свест и потрагата по ефикасноста и ефективноста за коишто поезијата е губење време. Фразата, „поетски домува човекот“ е извадена од песна на поет што и самиот „не можел да се носи со животот“ (2001, 212). Хајдегер нагласува дека поезијата „е начинот на кој поетите ѝ го вртат грбот на стварноста. Наместо да дејствуваат, тие сонуваат. Она што го прават само е замислено“ (2001, 212). Тука се надоврзува на поимот правење што на грчки се вика Ποίησις. Главното прашање е: како тоа може човечкото домувањето да биде поетско?
    Хајдегер продолжува со толкувањето на песната од Хелдерин. Главниот фокус е насочен кон толкување на исказот „…поетски домува човекот…“. Тој се обидува да го протолкува значењето на оваа загадочна фраза. Хајдегер смета дека овој „исказ говори за човеково домување. (…) [Хелдерин] не ги опишува современите услови за живот. Пред сѐ, тој не искажува дека домувањето значи поседување на некаков стан, некакво засолниште“ (2001, 212). За Хајдегер, поетското домување е многу подлабок акт отколку обичното живеење во стан: „кога Хелдерин зборува за домувањето, тој ја има предвид основната особина на човековото постоење. Тој го гледа ‘поетското’ преку неговиот однос кон ова суштински сфатено домување“






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+