Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 92 | година XVI | септември-октомври, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 92септември-октомври, 2013
Критика

„Куќата на улица Манго“ од Сандра Сиснерос

(колективната) меморија одекнува од квартот


/8
стр. 1
Јелена Никодиноска

„Луѓето во моите текстови беа вистински, во најголем дел, од тука и таму, од сега и тогаш, но понекогаш три вистински луѓе беа заедно преплетени во една измислена личност… Ги сечам на делчиња и ги зашивам заедно настаните за да се прилагодат на приказната, да ја обликуваат на начин да има почеток, средина и крај, бидејќи вистинските животни приказни ретко ни доаѓаат во целост. Сепак емоциите не може да се измислат, не може да бидат позајмени. Сите емоции што моите ликови ги чувствуваат, добри или лоши, се мои.“ (Сиснерос 1984: XXIII). Иако Сандра Сиснерос се потпира на автобиографски елементи во „Куќата на улица Манго“ (1984), нејзината новела не се вбројува во автобиографскиот жанр, туку претставува еден вид колаж од настани, ликови и места кои независно едни од други формираат вињети. Вињетите, пак, не се исклучиво хронолошки поврзани, но сепак сочинуваат целина на гласовите, приказни, бои и движења кои еднаш заедно одекнувале од улицата Манго.[1] Преку нејзините (Сиснеровите) приказни, приказните на Есперанца Кордеро[2], и оние на соседите на Есперанца, Сиснерос го пренесува југозападното латино искуство од големиот град и од улиците, односно од квартовите.
    Потпирајќи се на книгата на Сиснерос „Куќата на улица Манго“, ќе се обидам да видам како личните искуства стануваат спомени и како тие спомени прераснуваат во приказни. Дали она што доаѓа од искуство и меморија го прави пишувањето силно, моќно, убедливо и до одреден степен, блиско? Дали Сиснеровите спомени, одразени во животното искуство и јазикот на Есперанца, придонеле кон колективната меморија на латино заедниците и нивниот живот во квартовите? Во тој поглед, во првиот дел од овој есеј ќе го разгледам концептот на Морис Халбвакс (1925) за колективната меморија и како тој би се применил во приказната на Сиснерос и латино искуството, каде латино меморијата зависи од животот во квартот, каде поголемиот дел од латино искуствата се наоѓале/наоѓаат. Во вториот дел од овој есеј, ќе го разгледам начинот на кој судбината на жените во квартовите се чита од/низ приказните на соседите на Есперанца.

1. Колективна меморија: преплетување на искуства, приказни и знаење


    Отсекогаш сум сакала coming-of-age приказни. Она што допирало до мене во врска со овие приказни е невиниот глас кој го сретнуваме на почетокот на приказната, кој постепено се обликува како што заминува во разоткривање на околината, а со тоа и сопственото место во светот. Созревање, акултурацијата, сексуална свест, мудрост, да споменам само неколку од фазите кои го сочинуваат синџирот на растење – процес низ кој поминал секој

_____________________________________

1. Улицата Манго е измислена улица. Сепак, куќата на улица Манго се базира на вистинска куќа лоцирана на улица Кембел во Чикаго. Всушност, Сиснерос манипулира со времето и просторот, и ги носи во куќата на улица Манго искуствата од другите населби исто така, кои не се исклучиво нејзини.
2. Есперанца е главниот лик и главниот наратор во „Куќата на улица Манго“.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+