Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 92 | година XVI | септември-октомври, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 92септември-октомври, 2013
Критика

Такемитсуовата музика на ужасот

/3
стр. 1
Тијана Петковска

Како дете на деведесеттите години на дваесеттиот век пораснав со асортиман на хорор филмови, хорор приказни, хорор поп култура воопшто и мислев дека сум навикната да гледам и слушам ужас. Но, не бев во право. Запознаена со јапонски хорор филмови, особено од видот на J-horror theatre, секогаш го слушав името Кобајаши, човек за кој што се зборува дека ја инспирирал целата таа насока во подоцнежната јапонска кинематографија. Запознавањето со еден од неговите филмови, Kwaidan[1], беше едно несекојдневно искуство кое ме научи на многу нешта – не само за илустрирање на стравот со визуелни средства, туку и преку филмската музика која соодветно ги проткајува.
     Не дека многу западни филмови не предизвикуваат страв кој опстојува во аудитивната меморија долго по самото гледање, но во Kwaidan забележав едно од најсовршените решенија за музика во хорор филм. Од Психо[2] до Сјаење[3] злокобните звуци го откриле својот пат во западната хорор кинематографија, создавајќи образец на нагласено драматична музика наменета да го долови чувството на страв во нашата срж. Сепак, верувам, дека наместо доловувањето и навестувањето на хорор, овој тип филмска музика станува наметлива и премногу директна, како да ја вметнува таа емоција и сите нејзини варијации врз нас. Наспроти ваквата постапка, musique concrete во Kwaidan е толку деликатно застрашувачка што е невозможно да не му се восхитуваме на композиторот. Покрај карактерот на музиката од кој ни поминуваат морници, специфичната естетика на филмската музика одлично соодветствува на визуелниот аспект на филмот и приказната. Сметам дека постојат различни видови хорор филмови, кои се занимаваат со радикално различни аспекти на стравот и причините за овој вид емоција. Ако луѓето се неразбирливо комплексни суштества, такви се и нивните емоции, мисли, како и конекцијата помеѓу двете. Kwaidan е филм кој истражува и испитува такви архетипски и примарни стравови кои никој не може да ги одбегне. Преку корелацијата на мит и фолклор, издигнувајќи се на рамништето на фантазијата, Кобајаши, режисерот, како и Такемитсу, творецот на филмската музика, во Kwaidan го третираат оној вид на хорор кој се искусува кога се соочуваме со непознатото. А што е она што ни е најмалку познато, ако не самите ние? Смртта, оностраното, душата која (ако воопшто) патува во поинаква стварност се проблеми кои ги мистифицираат сите мислечки суштества и кои ја проткајуваат човековата историја, фолклор, мит, философија, психологија и, пред сè, уметноста. Во кинематографијата постојат многу пристапи, особено такви што се однесуваат на оваа тема, но тука ќе се концентрирам единствено на еден специфичен жанр,

_____________________________________

1. Kobayashi, Masaki. Kwaidan. Japan: 1965;
2. Hitchcock, Alfred. Psycho. USA: 1960;
3. Kubrick, Stanley. The Shining. USA: 1980.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+