Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 92 | година XVI | септември-октомври, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 92септември-октомври, 2013
Галерија Осврти

Асоцијативна збиеност на размислувањето

/1
стр. 1
Златко Теодосиевски

Последнава изложба на Јанешлиева пред јавноста го презентира најновиот циклус на уметницата. Поточно, некаде од 2010 година, графичкиот израз на Јанешлиева значително се менува. Како да станува збор за „прочистување“ од некаков вид, сведување и асоцијативна збиеност на размислувањето. Овие Мироовски симплифицирани но експресивно силни графики, работени во различни техники – линорез, акватинта, сува игла – како да го синтетизираат сето нејзино дотогашно искуство. Уметницата сега ги решава проблемите најелементарно – боја, форма, потег! Тоа се безмалу цртачки изблици во различни графички техники, попатно собрани визуелни импресии на морски пејзаж, птица, дрво, ангел, прозорец …! Односно, Јанешлиева тука маестрално го решава најтешкиот проблем – со малку да соопшти многу, со лапидарен исказ, со елементарни средства да ја долови, сугерира, пренесе … суштината!

Се разбира, Јанешлиева пред себе има уште долг творечки пат. Но, овде може да се потенцира дека нејзиното досегашно графичко творештво помести некои битни граници во македонската графика, прозвучи со впечатлива и пред сè специфична визуелна пленливост и технички перфекционизам редок во современата македонска графика.

31 декември 2012
    Записи од подземјето (2008-2012), Нова Линија, Скопје, 2013, стр.123,124.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+