Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 92 | година XVI | септември-октомври, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 92септември-октомври, 2013
Галерија Осврти

Линеарно и мрежесто

/1
стр. 1
Викторија Васева Димеска

…Во творештво што го познавам на Ладислав Цветковски мислам дека станува збор за два сегменти: линеарното, ракописот на зголемениот знак како порака, и мрежесто, повеќезнаковното ткаење на потката од која ги извлекува, појавува… трагите – дланките, тактилното, чувствителното во сета геометриска прецизност и знаковност што ги почитува, но и ги преиначува правилата за постоење на точка – таа станува патепис…

Секако, може да се направи мала дистинкција меѓу предложените дела со тоа што „опционите“ графики одат кон една попластична, условно подекоративна, колористички позвучна игра, додека останатите одат кон поинтензивна знаковност на грижливо градена дигитална конструкција, на осмислено мултиплицирање на фрагменти, одбегнувајќи ја единствената визура на геометриската перспектива, туку се обидува да даде еден можен, личен поглед врз кондензираната стварност.

Покрај сета уреденост на композициите, Ладислав Цветковски решавањето на оваа геометриска проблематика не ја поставува како цел сама по себе, туку само ја ползува како средство.

Тивко и ненаметливо, често цинично, низ ликовно разубавениот свет, ги бележи фрагментите на опачината и на аномалиите на времето во кое што живееме.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+