Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 92 | година XVI | септември-октомври, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 92септември-октомври, 2013
Галерија Осврти

Пресликување на душата

Кон изложбата „Тајната вечера“ на уметникот Филип Фидановски (Галерија при Училиштето за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“, 21.10.2013 г.)


/2
стр. 1
Ана Мартиноска

Тркалезна маса покриена со долг чаршав, а на неа сервис за дванаесетмина. И речиси сеедно дали сценава ве потсетува на агол во некој ресторан или е поставена среде галериски простор, концептот на уметничко дело аплицирано врз предмети со употребна вредност, во случајов како декорација на садови за јадење, не ја менува својата суштина. Свесно подигрувајќи си со, и онака тенката, линија меѓу уметноста и дизајнот, Филип Фидановски ги провоцира дилемите околу визуелна провокација при соочување со пресликувачите на ликови од неговото непосредно опкружување, мотивацијата креативните процеси и керамичките техники да ги постави во баланс со поинаква, утилитарна функција, инспирацијата да создаде нешто свежо и различно, во кое зад монохроматската естетика се кријат мултиплицирани пораки и идеи кои веројатно лесно ќе артикулираат можност за комуникација и емотивно восприемање од публиката.
    

Првиот впечаток е дека станува збор за дело кое е многу лично и интимно, имајќи го предвид изборот на неговите роднини и пријатели за ликови на пресликаните објекти, меѓу нив и неговиот автопортрет. Тоа чувство додатно го засилува самата асоцијација на ритуалот на вечерата и симболиката на седнување еден спроти друг на заедничка трпеза, ритуал во кој покрај послужувањето и консумирањето на храната и гарантираното задоволство за телото и сетилата, истовремено се случува и уживање за духот и споделување на посебен интимен момент. Како во Платоновата „Гозба“, секој актер во тој разговор покрај трпезата ја збогатува забавата со свој говор посветен на љубовта, Еросот и убавината, па така и секој од муабетите на Фидановски очи в очи со своите блиски, остануваат зачувани на овие артистички зачинети чинии како мементо за односната личност, емоцијата која ги врзува и доживеаниот миг на интимност.
    

Оваа интимна сторија истовремено е и омниприсутна и прилично универзална, па во сржта на најновото од опусот на Филип Фидановски откриваме бројни метафори кои се повторуваат или надоврзуваат и на некои од неговите претходни дела. Имено, и во „Време за“ црно-белите керамички ѕидни плочки си подигруваа со ликовите на неговите пријатели, но и со нумеролошката симболика на бројот дванаесет, првенствено врзана за бројките на часовникот. Митско-религиските асоцијации одат и кон бројот на месеците во годината и знаците на зодијакот, но овојпат сепак најмногу кон христијанската мистика, па дури и од насловот е евидентна асоцијативната врска со апостолите на тајната вечера и нивното споделување на последниот оброк, на виното наместо крвта и лебот како телото. Така и чиниите на Фидановски значат споделување на блискоста на пријателите кои вечераат и пресликување






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+