Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 92 | година XVI | септември-октомври, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 92септември-октомври, 2013
Звук Осврти

„Скопски џез фестивал“ – почва полна со ретки плодови

/7
стр. 1
Тина Иванова

Заврши уште едно издание на „Скопски џез фестивал“. Така брзо и навидум неосетно, но убаво и шарено, како пеперутка која прелетува покрај нас, а не можеме да ја фатиме. Музиката е таква, не можеме да ја допреме, таа доаѓа и си оди, иако мигот додека ја слушаме е како вечност полн со разновидни слики – тажни, среќни, сурови, романтични, јасни, апстрактни. Од Скопје си заминуваат и музичките големци од светот на кои „Скопски џез фестивал“ веќе им стана една од најпознатите концертни дестинации. Заминуваат дома, некаде таму, во Америка, во Норвешка, Велика Британија, Франција, во Израел, или ги продолжуваат своите турнеи на други сцени. А ние повторно му се враќаме на обичниот живот. Под уметнички импресии, тој ни се чини убав. Сè додека не се соочиме со некоја сурова, обично локална, дневно-политичка информација, која нè удира толку силно што забораваме на музиката, забораваме на убавината што сме ја доживеале.
    

И овој октомври, „Скопски џез фестивал“ ја донесе магијата на светското музичко наследство. Во пет вечери претстави различни културни и културолошки појави, донесе уметници како што се Еван Паркер, Роско Мичел, Џон Аберкромби, Касандра Вилсон, Дејв Холанд, кои својата мудрост несебично ја споделуваа со многубројната публика. И годинава, од Македонската опера и балет до Универзална сала и „Сити хол центар“,се протегаа прашања од типот дали македонскиот џез амбиент се менува или само го следи светскиот тек на настаните со тоа што донесе повеќе експерименталност и авангардни концепти, во однос на класичниот џез манир што го очекува широката публика. Но, простор за таков тип дебати нема сè додека „Скопски џез фестивал“ не му се придружи на општиот популизам преполн со привидна екстраваганција, сензација и спектакли. Сè додека, всушност, го задржува нивото на квалитет, додека чекори во рамките на достоинственото.
    

Она што е важно е што СЏФ годинава привлече многу млада публика, нови генерации љубители на добрата музика кои им го зазедоа местото на политичарите, често присутни во минатото. Една од најголемите придобивки, пак, за самиот Фестивал, но и за македонската култура, воопшто, беше гостувањето на екипа од познатиот музички француски ТВ канал Мецо, која ги снимаше речиси сите концерти. За упатените, оваа телевизиска куќа ги пренесува исклучиво најдобрите концертни изведби од областа на класичната музика и џезот.
    

Секогаш е возбудливо да се присуствува на концерт на уметници кои доаѓаат од бристолската музичка сцена, зашто станува збор за еден од најзначајните музички центри, за средина која постојано раѓа прогресивни, иновативни звучни плодови, воопшто, но и во






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+