Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 93 | година XVI | ноември-декември, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 93ноември-декември, 2013
Проза

Тристрам Шенди

(извадок од романот)


/11
стр. 1
Лоренс Стерн

*Преводот ќе биде објавен во рамките на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ на Министерството за култура.


    Извадокот се објавува со дозвола од авторот на преводот. Дозволата важи еднократно и исклучиво за Блесок. Сите права се задржани. Забрането е секакво неовластено користење, проследување или умножување на овој материјал или на делови од него.

ПОГЛАВЈЕ VI

– Што би можеле да прават, брате? рече татко ми. – Мислам, одговори чичко ми Тоби – при што, како што ви кажав, го извади лулето од уста, и вадејќи ја пепелта од него, ја почна реченицата; – Мислам, одговори тој – дека не би било лошо, брате, да заѕвониме.
    Што е оваа врева одозгора, Обадија? – праша татко ми; – брат ми и јас одвај се слушаме како зборуваме.
    Господине, одговори Обадија, поклонувајќи се кон неговото лево рамо – [Вашата сопруга], мојата господарка [која се пораѓа] е во многу лоша состојба. – А што трча Сузана наваму-натаму во градината, како некој да ја напаѓа? – Господине, тргна по најкраткиот пат до градот, одговори Обадија, за да ја донесе старата бабица. – Тогаш заседлај го коњот, и побрзај кај доктор Слоп, акушерот, за нашите потреби – и кажи му дека твојата господарка почна да се породува – и дека повелам тој веднаш да дојде овде со тебе.
    Многу ми е чудно, рече татко ми, обраќајќи му се на чичко ми Тоби, штом Обадија ја затвори вратата – што иако има таков стручен лекар како доктор Слоп толку блиску – жена ми инсистира со толкава тврдоглавост да му го повери животот на моето дете, кое веќе имаше една незгода, на незнаењето на една старица; – и не само животот на моето чедо, брате – ами и нејзиниот живот, а со него и животите на сите деца што би можел во иднина да ги направам со неа.
    Можеби, брате, одговори чичко ми Тоби, мојата снаа го прави тоа за да заштеди: – Нема врска, – одговори татко ми – на лекарот исто ќе му платиме без оглед дали прави нешто или не – дури и повеќе ако ништо не прави, само за да седи мирен.
    – Тогаш, можеби, ништо друго на светов не ја натерало на тоа, рече чичко ми Тоби, при такво чисто срце – туку Скромноста. – Мојата снаа, би се осмелил да речам, не дозволува ниту еден маж да се приближи до нејзиниот ----. Нема да кажам дали чичко ми Тоби ја заврши реченицата или не; – во негова корист е да се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+