Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 93 | година XVI | ноември-декември, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 93ноември-декември, 2013
Критика

Жената и канонот

(Неколку белешки за драмата „Блескавата љубов на Марија С. К.“ од Мимоза Ристова)


/5
стр. 1
Ана Мартиноска

Историјата на Нобеловата награда како најзначајна интернационална награда за културни и научни достигнувања, за жал, нуди и една не многу блескава слика во однос на родовата (не)рамноправност при доделувањето на истата. Имено, статистиките велат дека помеѓу 1901 и 2013 г. Нобеловата награда им била доделена на 44 жени од вкупен број од 876 добитници, или со оглед на тоа дека некои награди се делат помеѓу неколкумина добитници тоа се 45 награди од вкупно 561, и тоа 15 награди за мир, 12 за литература, 10 за физиологија и медицина, 4 за хемија, 2 за физика и само една за економски науки. Процентуално изразено тоа изнесува околу 5 % од добитниците или 8 % од вкупниот број на награди.
    Иако е јасно дека за поцелосен увид во состојбите со родовата застапеност во канонот на ова високо признание е потребна подетална анализа на поголем број на фактори, како на пр. податоци за бројот на номинирани жени или воопшто позицијата на жените во науката, неспорно е дека дури и ваков кус преглед сепак отвора некои прашања кои се од суштинско значење за родовите студии и не само за нив. Зошто каноните се (сè уште) доминантно машки? Дали жените се навистина помалку способни за врвни достигнувања во науката и културата или попрво говориме за нивната (не)видливост во јавноста, за нееднаквите можности и пристап до ресурсите и можните предрасуди при нивно номинирање и наградување? Кои се критериумите кои придонесуваат за маргинализацијата на жените во науката, културата, политиката, општеството?
     Во побивањето на ваквата поразителна статистика, иницијален и посебно значаен е придонесот на Марија Склодовска-Кири (1867–1934), која останува забележана во историјата не само како прва жена добитничка на Нобелова награда, туку и единствена жена која наградата ја добива два пати и притоа единствена личност која добива две награди во различни области. Покрај тоа, таа била прва жена професорка на Универзитетот во Париз, а иако многу години по смртта, во 1995 год. станува и прва жена погребана во Парискиот Пантеон поради нејзините лични заслуги. Како резултат, со полно право може да се смета дека онолку колку што нејзината работа придонела за напредокот на физиката и хемијата, речиси подеднакво значајно е и нејзиното влијание во сферата на социјалните и родови односи. Имено, во борбата за реализација и афирмација на сопствените научни достигнувања, Склодовска-Кири морала да се бори со бариери кои и биле подметнувани само затоа што е жена, и тоа од страна на припадниците на француската академија на науки кои никогаш не






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+