Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 93 | година XVI | ноември-декември, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 93ноември-декември, 2013
Критика

Будење со хаику

Корпоративно утро на Васко Марковски


/2
стр. 1
Владимир Мартиновски

1.

Многумина писатели од различни времиња и простори имаат признаено дека е исклучително тешко да се следи доследно творечкото гесло „ни ден без напишан ред“.
    

Колку ли (по)тешко е да се следи – не само доследно туку и завидно успешно – творечкиот предизвик (па дури и подвиг) што младиот писател Васко Марковски си го има поставено на почетокот од 2012 година: секој ден од годината да напише по едно хаику, достапно до јавноста преку порталот dobrivesti.mk?!
    Како читател на секојдневните хаику-проблесоци на Васко Марковски, особено ме израдува неговата одлука да го вообличи во книга својот дебитантски хаику-ракопис насловен Корпоративно утро (2013), сочинет од хаику-творби создадени пред амбициозниот проект „Хаику-дневник“.
    Во лирскиот корпус што го сочинува Корпоративно утро на Марковски се особено маркантни три оригинални обележја, со кои тој станува препознатлив на актуелната хаику-сцена.

2.

Прво, како еден вид „специјалитет“ (но и една од клучните тематски доминанти) на оваа книга се наметнува „утринското хаику“, што би можеле да го наречеме и „хаику-алба“: Со први петли / милина споделувам: / Нов ден се буди; или Божествен изгрев / Севишниот почести. / Помен на тато.
    Ако во традиционалното јапонско хаику, поетот со макар еден збор (јап. kigo) упатува на годишното време тематизирано во песната, во значаен дел од песните на Васко Марковски, поетот ползува широк спектар на оригинални „кига“ за почетокот на денот.
    

Изгревот, зората, муграта или чинот на будење, поетот секој ден ги чувствува како „ново чудо“. Во песните на Марковски, секое будење може да донесе ново изненадување: Сум станал факир / врз играчки на син ми / во постелата. Навистина, никогаш не можеме да бидеме сигурни како ќе се разбудиме или, пак, што е она што ќе нè разбуди, како во низата поетски слики на Марковски посветени на будењето: Сонце нè буди / со цртежи по ѕидот / – пораснал денот, или Зачкрипе гуртна. / Сум легнал без аларм, ме / разбуди „петка“ или Комшија тиквар / на Велика Сабота / мајстори викнал.

3.

Токму овие поетски слики нè водат кон втората специфика на хаикуто на Марковски: печатот на урбаното живеење. Имено, покрај низата песни посветени на будењето на лирскиот субјект, особено впечатливи се стиховите посветени на будењето на градот: Ко шпорет в зори / чавки од крошни вреват. / Градот се буди или Штама на асфалт / булеварот се тегне / неделно утро или Свежо избришан / подот во Трговскиот. / Почнува нов ден или Јунските липи / го однеле балконот / во некој друг град

4.

Третата бележита одлика






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+