Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 93 | година XVI | ноември-декември, 2013



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 93ноември-декември, 2013
Галерија Осврти

Остен биенале, 2013

/4
стр. 1
Сафет Ахмети

ЗЛАТЕН ОСТЕН е биенална програма за престој на уметници, организирана со цел – на добитниците на истоимената награда во рамките на Светската галерија на цртеж да им се овозможи поинаков простор за  неколкунеделна работа, соработка и дружење.
    

Разновидноста на автори и дела добитници на Остеновите награди, на ЗЛАТЕН ОСТЕН, зборуваат за широчината и сеопфатноста на пристапот кон современата ликовна уметност. Не станува збор само за разновидна стилистичка обработка на платното, туку и за крајно спротивни, ако не и спротивставени, тематски филозофии. Сите заедно говорат за актуелната состојба на ликовната уметност како своевиден феномен на денешницата. Зошто феномен? Пред сѐ, бидејќи уметноста сѐ уште опстојува. Во период кога сѐ, вклучително и уметноста, е сведено на реклама и дизајн во функција на рекламата, уметничкото творештво опстојува. Или, барем нам така ни се чини!? Дали е можеби доволно едноставно да „уживаме“ во виртуозноста на уметникот? Во способноста со која се обдарени оние малкумината „благословени“. Или, пак, уметноста веќе одамна има сосема поинаква улога во општеството? Притоа, мислам и на веќе сериозно проблематизираниот феномен на уметничката „генијалност“. Бројните наводници и прашалници, присутни уште во овој воведен дел, јасно зборуваат дека уметничката творба сѐ уште може, а најверојатно и мора, да продолжи со својата едукативна улога, во најмала рака. Уметничкото дело е она што може да ни ги отвори очите и да ни ги посочи проблемите на современото, но и на било кое претходно општество. Без оглед дали станува збор за жестока социјална критика или за дело кое, навидум, е самодоволно во својот затворен свет, сите тие прецизно го опишуваат односот кон реалноста.
    

Веројатно, најсилно изразен однос кон светот и животот забележуваме во делото на Владимир Величковиќ. Сликар не толку на човечкото тело, колку на човечката природа. Агресијата, суровоста, деструкцијата, отуѓеноста, вечното бегство. Тоа се основните цивилизациски теми, со кои Величковиќ постојано нѐ соочува, дополнително соголени низ прецизноста на деталите и експресивноста на потегот. Како сето тоа да не е веќе доволно само по себе, Величковиќ тоа јако, издржливо тело го „фрла“ во огромен празен темен простор.
    

Прашање е – дали е делото на Златко Гламочак помалку или повеќе агресивно-експресивно во споредба со она на Величковиќ? Тоа е, во секој случај, создадено да предизвика непријатност, нелагодност, или како што истакнува Јован Деспотовиќ, „чувство на гадење, мачнина, едно крајно непријатно сведоштво за сцени во кои неволно се присуствува“ (Vreme, Beograd, 23.8.1997, стр. 48-49). Творештвото на Гламочак, безмалку, редовно содржи автобиографска почетна нота, која потоа се проширува на истите оние






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+